Борислав Каранфилски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борислав Каранфилски
Борислав Каранфилски.jpg
Роден 31 август 1928
Куманово, Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор, патофизиолог

Борислав Каранфилски (31 август 1928, Куманово) — патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина, професор и директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Борислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово, а потоа студирал на медицинскиот факултет во Скопје, каде дипломирал во 1955 година. Во 1957 година ја завршил Школата за примена на радиоактивни изотопи во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидриќ“ во Винча, Белград. За редовен професор бил избран во 1977 година.[1] Се усовршувал во клиниките во Шведска, Англија, СССР и САД.

Бил директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со нуклеарна медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ.[1] Коосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на нуклеарна медицина на Југославија.

Автор е на повеќе од 180 трудови. За своите активности добил повеќе награди и признанија, меѓу кои: Орден на заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Републиката со сребрен венец, наградата „11 Октомври“ за животно дело и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​79-82