Ѓуешево
Ѓуешево Гюешево | |
---|---|
село | |
Железничката станица во Ѓуешево | |
Местоположба на Ѓуешево во Бугарија | |
Координати: 42°14′19.57″N 22°28′32.93″E / 42.2387694° СГШ; 22.4758139° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Ќустендил |
Општина | Ќустендил |
Управа | |
• Градоначалник | Огњан Атанасов (Партијата на зелените) |
Површина | |
• Вкупна | 17,256 км2 (6,663 ми2) |
Надм. вис. | 938 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 186 |
• Густина | 11/км2 (28/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 2570 |
Повик. бр. | +359 07925 |
Ѓуешево (бугарски: Гюешево) — село во Западна Бугарија, се наоѓа во општината Ќустендил во Ќустендилската Област. Има население од околу 186 жители (2022).[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во планински регион, во географската област Каменица, во северните ограноци на планината Осогово, на околу 950 m надморска височина. Гуешево е оддалечено 20,5 км по пат и 34 км железнички од регионалниот центар Ќустендил. Тоа е крај на железничката линија Софија - Ќустендил. Во близина на селото е најголемиот граничен премин на бугарско-македонската граница. Македонскиот премин се нарекува Деве Баир.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Ѓушево е стара средновековна населба заведена во османлискиот даночен регистар од 1570-1572 година под името Гувешево како султански хас во нахијата Улаџа (Ќустендил) на Ќустендилскиот санџак со 28 домаќинства и 28 ергени. Во регистар од 17 век, Гуешево е заведено како рударска населба со 17 христијански семејства.
Во 1910 година, во Гуешево била отворена големата зграда на железничката станица, изградена и за царина и за граничен премин. На почетокот на 21 век, многу блиску до железничката станица, изградена е нова зграда за железничка царина, која со децении не се користи бидејќи не е во функција Паневропскиот транспортен коридор VIII. Низ бугарскиот дел под Деве Баир во периодот 1941-1944 година бил ископан железнички тунел.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |