Прејди на содржината

Ричард Сталман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ричард Сталман
Ричард Сталман на Питсбуршкиот универзитет (2010)
Роден(а)16 март 1953(1953-03-16)(71 г.)
Њујорк, САД
НационалностАмериканец
Други имињармс
Алма матерХарвард
ЗанимањеПретседател на Фондацијата за слободен софтвер
Познат(а) поДвижење за слободен софтвер, ГНУ, Emacs
Страница
www.stallman.org

Ричард Метју Сталман (англ. Richard Matthew Stallman), (р. 16 март 1953 година), познат и по својата кратенка „рмс“ (rms), е основач на движењето за слободен софтвер, проектот ГНУ (GNU) и Фондацијата за слободен софтвер. Сталман е познат програмер и „хакер“ и меѓу неговите најважни заслуги се вбројуваат GNU Emacs, GNU C Compiler и GNU Debugger. Тој е автор на ГНУ-овата општа јавна лиценца (GNU General Public License - позната под кратеница GNU GPL или GNU) која е најчесто употребувана лиценца за слободен Софтвер. Сталман се смета за еден од основачите на концептот на „копилефт“ (copyleft, „авторско лево“).

Од средината на 1990-тите години, Сталман се посветува на политичката кампања и просветителство за слободен софтвер и против патентирањето на софтверски идеи и ширење на законските основи за зголемување на авторските права. Као програмер и понатаму го одржува и подновува GNU Emacs. Сталман е скромен по природа и живее од донации за работата на Фондацијата за слободен софтвер. Своето време го поминува во подготовка и учество на конференции и семинари посветени на слободниот софтвер.

Предавање во Скопје

[уреди | уреди извор]

На 3 јуни 2010 во организација на Слободен софтвер Македонија, Сталман одржа предавање во хотелот Холидеј-Ин во Скопје на тема „Авторското право наспроти заедницата во ерата на компјутерските мрежи“ (Copyright vs. Community in the age of computer networks)[1].