Слободен софтвер Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Слободен софтвер Македонија — непрофитна организација која на прво место се занимава со слободен софтвер во Република Македонија.[1] Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етички контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија.[1]

Слободен софтвер Македонија е основана во Скопје, Р Македонија во 2002 година.[1] Таа е единствена невладина организација во земјата која се занимава со прашања од областа на слободен софтвер.[1] Исто така, организација се занимава и со прашањата поврзани со отворените стандарди и слободната култура. Организацијата работи според статут заснован на шаблон издаден од Европската фондација за слободен софтвер, како и други документи и соодветна организациска поставеност.

Наводи[уреди | уреди извор]