Walkower (филм од 1965)
Walkower - полски филм од 1965 година, во режија на Јежи Сколимовски (Jerzy Skolimowski), кој е автор на сценариото и ја глуми главната улога. Во другите улоги настапуваат: Александра Завјерушанка (Aleksandra Zawieruszanka), Кшиштоф Хамјец (Krzysztof Chamiec), Анджеј Хердер (Andrzej Herder), Хенрик Клуба (Henryk Kluba) итн. Ова е вториот филм во опусот на Сколимовски.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Анджеј Лешчик (го игра Сколимовски) ја напушта армијата и шета по градовите каде учествува на боксерски натпревари. Во една фабрика се организира таков натпревар на кој се пријавува и тој, а таму ја среќава Тереза Карчевска (ја игра Завјерушанка) со која своевремено студирале заедно и која била виновна за неговото исфрлање од факултетот. Тој се дружи со неа, додека таа е ангажирана на еден проект во фабриката. Откако победува во првиот натпревар, Анджеј треба да боксува со далеку посилен противник. Затоа, тој се качува во возот и заедно со Тереза (која не е задоволна од проектот во фабриката) заминува за Варшава. Сепак, во последен миг се враќа во фабриката, но неговиот противник не се појавува и така Анджеј ја добива наградата - часовник и радио-апарат. Потоа, неговиот противник бара дел од наградата, затоа што намерно не се појавил на борбата, а откако Анджеј одбива да ја сподели наградата, тој го удира.[1]