Vandal (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Vandal
Членовите и логото на бендот
Биографски податоци
ПотеклоКуманово, Македонија
ЖанровиТреш метал, хеви метал
Период на активност2006-денес
ИздавачиНепотпишани
СоработнициSerpentine Fire, Victim Yield, Furion, Scattered
Членови
Бојан Стојановски
Дамјан Милановски
Ненад Вељковиќ
Горан Митковски
Андреј Мициќ

Vandal (кирилично: Вандал) е македонски треш метал бенд формиран во Куманово. Основан е во 2006 година, од страна на басистот Горан Митковски и поранешниот тапанар Драган. Подоцна на бендот му се приклучиле гитаристот Дамјан Милановски и вокалот Бојан Стојановски - Шваба. На почетокот овој музички квартет свирел песни од постарите треш состави како Металика, Пантера и Слеер.[1]

Првата песна во нивно авторство се вика „World’s Reflection“, а по неа следеле многубројни настапи по клубовите ширум Македонија. Набргу во бендот се приклучил и Ненад Вељковиќ како петтиот и најнов член. Во меѓувреме дотогашниот тапанар Драган си заминал, а на негово место пристапил Андреј Мициќ, чиј музички стил се одликува со доста брзи ритмови и агресивно музицирање.[2]

Нивните текстови имаат разновидна тематика, но најчести се оние кои ги обработуваат секојдневните социјални проблеми и прашањата како што се војната и смртта. Нивното прво издание е демото Execute the throne, кое содржи пет нумери на англиски јазик.[3]

Имаат настапувано на повеќе официјални музички фестивали и манифестации, од кои поважни се: Мораториум 3, фестивалот „Дојди веслај 2007“, како и „Рок Фест 2008“ каде го освоиле првото место според гласовите на публиката.[4][5] Во моментов бендот работи на нов материјал и се подготвува за поголеми и поамбициозни проекти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бендови - Vandal“. Метал.мк. 15 декември 2009. Посетено на 30 март 2013.
  2. „Македонската „Металика" се вика „Вандал". MKD.mk. Посетено на 31 март 2013.
  3. „Треш-метал масакр во Кастро“. Плагијат. 16 јануари 2007. Посетено на 31 март 2013.
  4. „Vandal's Biography - Discover Music“. Last.fm. 15 декември 2009. Посетено на 30 март 2013.
  5. Димитар Петровски (30 март 2008). „Победа на „Некст џенерејшн" и на „Вандал". Дневник. Посетено на 31 март 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]