Toy Dolls

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тој долс

Тој долс (анг. Toy dolls) е англиски панк рок бенд формиран во 1979. Оддалечувањето од гневните панкерски текстови и музика која најчесто е поврзана со панк рокот, Тој долс ги трасира во рамките на естетиката од панкот, со цел да се изрази смислата за хумор, со песните "Јул Брунер вас а скинхед", "Мај грлфрендс дедс а викер" и" Џејмс Бонд ливс доун аур стрит". Често во имињата на песните имаат и и алитерација: "Петер практисес практис плејс", "Фистикуфс ин Фредерик Стрит", "Невил ис а нрд. Во секој случај, бендот веројатно е најдобро познат по единствениот хит во Обединетото Кралство со панк-рок преработката на "Нели д елефант". Вообиачено, нивните албуми содржат преработки од песни на добро познати хит музички нумери, кои најчесто ги забрзуваат со панк-рок темпо. Преработки коишто се вклучени во нивните албуми се: "Блу сјуд шус", "Токата ин Д-мол", "Себр денс", "Ливин ла вида лока", "Лејзи сандеј афтернун", "Ај гона бе 500 мајлс), Ши ис со модерн и"Д фајн каунтдаун." Исто така имаат снимано и пародии од популарни песни како што се "Д кидс ин тин енд веар (кидс ин Америка)" и "Д девил вент даун ту Скантхроп (Д девил вент даун то Џорџиа)". Албумите им започнуваат со кратко интро со "заразен" гитарски риф и завршуваат со аутро, кое што е вообичаено подолго од интрото зачинето со истиот риф. Казото како инструмент е исто така истакнат во многу од нивните песни. Повеќето од членовите на бендот имаат прекари, и ретко се гледаат на нивните настапи без невообичаените правоаголните очила за сонце (иако се имаат појавено без очила на омотот на албумот "Уан море гигабајт").

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој долс се формирани како квартет вклучувајќи го и вокалистот Пете Зулу Робсон, гитаристот Мајкл Алгар познат како Олга (роден на 21 Септември 1962, Саут Шилдс, Англија), тапанарот Колин Скот - Мр.Скот и басистot Филип Даџдејл - Флип. Само по неколку свирки, Зулу го напушта бендот за да оформи свој сопствен бенд, а неговото место за само еден концерт го зазема Пол Хадсон - Хад. По заминувањето на Хад, Тој Долс стануваат трио, со гитаристот Олга кој ги презема вокалските задолженија на бендот. Скот го напушта бендот во 1980 и е заменет од Диен Џејмс на четири месеци за време на летниот период. Џејмс подоцна се враќа во бендот во периодот од 1985 до 1988 како басист. Флип го напушта бендот во 1983, одбележувајќи го почетокот на константно менување на членови на бендот со години (со Олга како единствен оригинален член). Во 1984, Зулу се враќа во составот како басист и придружен вокал, но се разделува од бендот за помалце од една година. Првично се групирано во Ои! сцената и класифицирани во жанрот "Панк патетик". Една од причините која ги поврзува токму со Ои! правецот е тоа што за нив се залагал Гери Башел, кој е премногу инволвиран во Ои! правецот и бендовите како Анџелик Апстартс (кои подоцна Тој долс ги поддржаа на првата нацинална турнеја). Во 1989, стопанственик од Сандерленд го финансира снимањето на деби синглот "Томи коувејс кар со Ши гоус ту Финос" на Б страната од изданието. Синглот кој би копиран во 500 примероци, набрзо се распродава, правејќи го синлгот како колекционерски предмет. Со тек на време бендот потпишува со "Volume", Олга се преселува во Њутон Хол, во северен Дурхам, што e причина за создавањето на песната "Ливин он Њутон Хол". За време на Божик во 1982, го издаваат панк препевот на "Нели д елефант", класична детска песна, која достигна првото место на" УК инди чарт". Во 1983 го издаваат деби албумот "Диг дет грув бејби". Во 1984 реиздаинието на "Нели д Елефант" достинува четврто место на "Ук синглс чарт" останувајќи на листата 14 недели. Нивниот албум во 1985," А фар аут диск" го достигна 71 место во" Ук албум чарт". Од тогаш бендот продолжува масовно да издава албуми и да одржува турнеи, воглавно во Европа, Јужна Америка и Јапонија. По празнината од 14 години од последниот настап во Британија, во 2007 имаат низа од концерти од Глазгов па сè до Лондон, вклучувајќи триумфално враќање во родното место за распродаденото шоу во Дурхам. За прослава на 25 годишнината од бендот, во 2004, официјалната биографија насловена како "The Toy Dolls: From Fulwell to Fukuokа", е објавена од "Адра прес". Во 2011, бендот го закажа издавањете на својот 20-ти албум. 30 годишнината од основањето на бендот во октомври 2009, бендот прима огромен број на пораки со честитки на нивниот официјаен портал, од различни музичари како што се Баз Варн од Д Стренглерс, ТВ Смит од Д Адвертс, Џејк Брнс од Стиф литл фингрс & Кент Џејмисон од Ноефикс. Живите настапни на Тој Долс содржат сихноризирана кореографија, темпирани потези,скокање, урлање.

Членови[уреди | уреди извор]

До 2007 бендот има сменато 14 различни тапанари и 12 различни басисти. Олга е единствениот оригинален и постојан член на бендот. По Олга, тапанарот Мартин Јул има најдолг престој во бендот (1987-1999). Јул моментално поседува продавница во Сандерленд наречена "Хотратс". Поранешниот тапанар Дејв Нутал - Нут моментано поседува компанија за производство на тапани во Ланкастер, Ланкашајр. Олга исто така има свирено на бас на турнејата со американскиот панк бенд Д Дикис, и со Едикс. Гери Дан, поранешниот басист на Тој Долс(1997-1999), моментано предава музика на "Сандреленд колеџот", а поранешниот тапанар Тревор Бревис - Фрог предава музичко на колеџот "Мидлсборо" . Иако Олга се преселил пред многу години од североисточниот дел на Англија, сега живее во Лондон. Традиција е давањето на специјални прекари на сите членови од Тој Долс.

Моментални членови[уреди | уреди извор]

Мајкл Алгар - Олга - вокал и гитара, Данкан Редмонс - Д амејзинг Мр. Данкан - тапани, Том Блит - Томи Гобер - бас гитара, вокал