Сколовранец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Temenuchus)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сколовранец
Star Sturnus vulgaris.jpg
Обичен сколовранец
(Sturnus vulgaris)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Сколовранци
Род: Сколовранец
Linnaeus, 1758
Синоними

Gracupica
Pastor
Temenuchus

Сколовранец (науч. Sturnus) — род на врапчевидни птици од фамилијата сколовранци (Sturnidae) со сложена таксономија и неразрешена таксономија. Застапени се ширум Евроазија. Обичниот сколовранец е доведен и во јужна Африка, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд.

Ова се наземни пици што се движат одејќи наместо со потскокнување. Посеверните видови се целосно или делумно преселнички, презимувајќи во потоплите краишта.

Се гнездат во шупливи делови на стеблата и отвори во ѕидови. По исхрана се сештојади и се хранат претежно на самата земја. Особено се вешти во вадењето на без’рбетници неспоредно од површината на почвата, што им го овозможува прилагодениот череп за колвање со отворен клун.

Перјето се разликува од вид до вид, но сите имаат препознатливи триаголни крила.

Во Македонија се присутни обичниот и розовиот сколовранец.[1]

Видови[уреди | уреди извор]

Класификацијата на видовите и припадноста во групата се предмет на постојана расправа помеѓу орнитолозите. Тука се дадени видовите според старата класификација, која важи сè додека научниците не постигнат согласност.

Сколовранецот како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Гнездото на сколовранецот крај мојот прозорец“ (The Stare's Nest by my Window) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Некритички список на птиците во Македонија — Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  2. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 123.
  • Feare, Chris & Craig, Adrian (1999): Starlings and Mynas. Princeton University Press. ISBN 0-7136-3961-X
  • Grimmett, Richard; Inskipp, Carol, Inskipp, Tim & Byers, Clive (1999): Birds of India, Pakistan, Nepal, Bangladesh, Bhutan, Sri Lanka, and the Maldives. Princeton University Press, Princeton, N.J.. ISBN 0-691-04910-6