Квења

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Quenya)
Квења
Quenya
Создаден одЏ.Р.Р. Толкин
Прилики и употребаИзмислениот свет Арда
ГоворнициГрешка во изразот: Недостасува операнд за -
Причина
има примеси од фински, латински и грчки.
Јазични кодови
ISO 639-2art
ISO 639-3qya


Текст на Квења, напишан со тенгвар и латиница.

Квења (Quenya) е еден од измислените јазици од фантастичките дела на Џ.Р.Р. Толкин, говорен од Елфите (Elves) (односно „Квенди“ (Quendi), „оние што говорат“).

Во измислениот свет на Толкин, Квења обично се пишува со азбуката тенгвар, иако порано се пишувала со сарати. Јазикот исто така може да се пишува и на друг начин, како на пример со сиртски букви. И во вистинскиот свет, тенгвар не е многу ретка појава, но јазикот обично се пишува со латинично писмо.