N.W.A

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
N.W.A

N.W.A во 1990, Ди-Џеј Јела, Др. Дре, МС Рен и Изи-И
Биографски податоци
Познат(а) и како Niggaz Wit Attitudes
Потекло Комптон (Калифорнија), САД
Жанрови Гангстерски рап
Период на активност 1986–1991
(деловно обединување: 1999)
Издавачи Ruthless Records, Priority Records
Соработници Fila Fresh Crew, The D.O.C., World Class Wreckin' Cru, C.I.A., Snoop Dogg
Мреж. место www.nwalegacy.com
Поранешни членови
Изи-И (1986-1991)
Др. Дре (1986-1991)
Ајс Кјуб (1986-1989)
МС Рен (1988-1991)
Ди-Џеј Јела (1986-1991)
Арабски Принц (1986-1988)

N.W.A (англиски: Niggaz Wit Attitudes, во превод: Црнци Со Став) беше хип-хоп група од Комптон (Калифорнија).[1] Активни од 1986 до 1991, N.W.A биле добро познати по вулгарноста во нивните стихови. Тие биле отфрлени од многу радио станици во САД па дури им било и забрането да организираат турнеи и концерти. Сепак, групата продаде над 10 милиони албуми само во САД. Нивниот втор албум, наречен Straight Outta Compton, го обележа почетокот на новата гангстерска хип хоп ера во која се изразува уличната револуција. Списанието Rolling Stone ги смести N.W.A нз 83-то место во нивниот список „100-те најдобри изведувачи на сите времиња“.[2] Откако се распадна групата, членовите Др. Дре, Ајс Кјуб, Изи-И и МС Рен продолжуваат со нивната музичка кариера.

Почеток[уреди]

Поранешниот дилер на дрога од Комптон Изи-И започна со „Рутлес Рекордс“ заедно со Џери Хелер. „Рутлес“ го издаде албумот „N.W.A. and the Posse“ во 1987 со „Макола Рекордс“. N.W.A беше сѐ уште во формирање и имаше снимено само четири од единаесет песни, кога привлече внимание на повеќе артисти. Тоа ги спои артистите Ајс Кјуб, Др. Дре и Изи-И. Подоцна и МЦ Рен и се придружи на групата.[3]

Дискографија[уреди]

Студиски албуми
  • N.W.A. and the Posse (1987)
  • Straight Outta Compton (1988)
  • 100 Miles and Runnin' (1990)
  • Niggaz4life (1991)
Компилации
  • Greatest Hits (најголеми хитови) (1996)
  • Straight Outta Compton: Во чест на 10 години од создавањето на N.W.A (1998)
  • The N.W.A Legacy, Vol. 1: 1988-1998 (1999)
  • The N.W.A Legacy, Vol. 2 (2002)
  • The Best of N.W.A: The Strength of Street Knowledge (2006)
  • Straight Outta Compton (20-та годишнина) (2007)
  • Family Tree (2008)

Наводи[уреди]

  1. Potter, Russel A. (1995). „Spectacular Vernaculars: Hip-Hop and the Politics of Postmodernism“. New York City: State University of New York Press. стр. 50. ISBN 0-7914-2626-2. 
  2. „100 Greatest Artists of All Time“, Rolling Stone.
  3. „Ice Cube produces N.W.A biopic“. Filmstarts.de. http://www.filmstarts.de/nachrichten/18469044.html. конс. 14 октомври 2010. 

Надворешни врски[уреди]