Mount & Blade: Warband
Mount & Blade: Warband | |
---|---|
Изработувач(и) | TaleWorlds Entertainment |
Издавач(и) | Paradox Interactive |
Дизајнер(и) | Armağan Yavuz |
Композитор(и) | Jesse Hopkins |
Погон | Dazubo/Mount&Blade[се бара извор] |
Подлоги | Microsoft Windows, Android,[1][2] Mac OS X, Linux |
Датум на издавање | Microsoft Windows Предлошка:Video game releaseMac OS X, Linux Предлошка:Video game release |
Жанр(ови) | Action RPG, Strategy, Simulation |
Режим(и) | Single-player, Multi-player |
Медиум | Digital distribution, DVD |
Mount & Blade: Warband (се чита: Маунт & Блејд: Ворбенд) — првиот дел од акционата видео игра Mount & Blade. За првпат е објавена во јануари 2009 година, а играта е создадена од турската компанија TaleWorlds Entertainment и е објавена од Paradox Interactive 30 март 2010 година.[3][4] Играта е достапна со директно симнување од нивното мрежно место или преку Steam, или како ДВД со онлајн активирање. Верзиите Mac OSX и Linux беа пуштени на 10 јули 2014 година, преку Стим.[5]
Warband ја прошири оригиналната игра со додавање на шести дел, Султанатот на Саранидите, зголемувајќи ја политиката, дозволувајки на играчите да започнат свој дел, и додавајќи игра за повеќе играчи. Оценките на играта се генерално добри, со додавањето на игра со повеќе играчи најдобриот дел. Оваа игра освои многу награди, како номинација за „Best Multiplayer Indie Game of the Year“.[6] Играта е фокусирана на јавање на коњ (како играчот) и давање наредби на своите војници на бојното поле, како на пример на стрелците да им кажеш да седат на позиција или да им кажеш на пешаците да употребуваат тапо оружје (оружје што нема да убие).
За играта
[уреди | уреди извор]Најважната промена на играта е додавањето на можност за повеќе играчи, воведување на шестиот дел, Султанатот на Саранидите, и реорганизација на мапата.[7] Воведувањето на политика им овозможува на играчите да влијаат врз господарите и да се женат, а играчот кој не е во сојуз со никого може да освои град или замок и да започне свое кралство.[7] Играта содржи подобрена графика, и нова и изменета анимација при борба.[8]
Со повеќе играчи
[уреди | уреди извор]Во новата игра со повеќе играчи ги нема елементите за мапата и улогите, а наместо тоа, се фокусира на борбите.[8] Играта со повеќе играчи може да има максимум до 250 играчи, поделени во два тима од две спротивставени сили.[7] Сите играчи се со умерено балансиран карактер (што може да се смени за секој опслужувач) врз основа на три типови на војници од пред модерно време: стрелци, коњаница и пешаци.[7] Карактерите може да го сменат оружјето и заштитата дозволена за нивното кралство, може да се купат подобра заштита и оружје откако ќе заработат денари (парите во играта).[8] Нема поврзаност меѓу карактерите во игра со повеќе ирачи или играње сам, и не постои никаков начин да се сменат одликите на ликот, (освен што може да се смени опремата).[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Mount & Blade: Warband – Android Apps on Google Play“. Google Play. Google. Архивирано од изворникот на 2019-10-21. Посетено на 15 August 2014.
- ↑ Hollister, Sean (10 March 2014). „'Mount & Blade' for Android shows that full PC games can go mobile“. The Verge. Посетено на 15 August 2014.
- ↑ „Paradox Interactive Announces GDC '10 Line-up“. Paradox Interactive. 1 March 2010. Архивирано од изворникот на 2010-12-16. Посетено на 20 October 2010.
- ↑ Rick, Christophor (31 January 2009). „Paradox Interactive New Titles Announcement“. Gamers Daily News. Архивирано од изворникот на 2010-07-09. Посетено на 20 October 2010.
- ↑ „Mac OS X/Linux and Steam Workshop Support“. Посетено на 10 July 2014.
- ↑ „Editors Choice - Best Multiplayer Indie feature - Mod DB“. 20 December 2010. Посетено на 9 October 2014.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Robinson, Joe (April 2010). „We play Mount & Blade: Warband...“. Strategy Informer. Архивирано од изворникот на 2010-09-26. Посетено на 5 October 2010.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRO
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеIGN
.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Warband on TaleWorlds' website
- Mount & Blade: Warband на MobyGames