Прејди на содржината

Mis-Teeq

Од Википедија — слободната енциклопедија
Mis-Teeq
ПотеклоЛондон, Англија
Жанрови
Период на активност2000–2005
Издавачи
Поранешни членови
  • Сабрина Вашингтон
  • Алиша Диксон
  • Сју-Елис Неш
  • Зина Мекнејли

Mis-Teeq (транскрипција: Мис-Тик) ― британска женска група составена од Алиша Диксон, Сју-Елиз Неш и Сабрина Вашингтон. Групата била активна од 2000 до 2005 година. [2]

Mis-Teeq имала два топ-10 албуми и седум последователни топ-10 синглови на британската топ-листа за синглови, а била успешна и во Европа, Азија, Австралија и САД. Нивниот прв студиски албум Lickin' on Both Sides, издаден на 27 октомври 2001 година, се искачил на трето место на британската топ-листа за албуми и бил сертифициран за двојно платинест.[3]

Албумот ги содржел првите пет синглови кои ги објавила групата, а сите тие станале топ-10 хитови во Велика Британија. На 29 март 2003 година, по кратка пауза, тие го издале нивниот втор студиски албум Eye Candy, кој исто така станал двојно платинест во Обединетото Кралство. Овој албум го содржел нивниот најголем меѓународен хит „Scandalous“, кој се искачил на второ место на Билбордовата денс-топ-листа во САД.

Во февруари 2005 година групата објавила дека нејзините членови ќе се разделат за да продолжат со соло-кариери. Разделбата исто така била поттикната од ликвидацијата на нивната издавачка куќа, Telstar Records. На 25 април 2005 година, групата го издала албумот со најголеми хитови, Mis-Teeq: Greatest Hits, а датумот на издавање се совпаднал со нивната разделба.

Членови[уреди | уреди извор]

  • Алиша Диксон (2000-2005)
  • Сабрина Вашингтон (2000-2005)
  • Сју-Елиз Неш (2000-2005)
  • Зена Мекнали (2000-2001)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ed Nimmervoll. Mis-TeeqAllMusic (англиски)
  2. Donovan, Deirdre (17 February 2002). „It's a girl thing“. The Observer. The Guardian. Посетено на 4 March 2013.
  3. „Official Albums Chart, 5 April 2003 - 11 April 2003“. Official Charts.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]