Прејди на содржината

Little Big Town

Од Википедија — слободната енциклопедија
Little Big Town
The four members of Little Big Town, holding microphones and singing on a stage.
Little Big Town во Нешвил, 2 април 2024. (од лево надесно: Џими Вестбрук, Карен Ферчајлд, Кимберли Шлапман и Филип Свит)
Животописни податоци
ПотеклоХоумвуд, Алабама, САД
Жанровикантри
Период на активност1998–денес
Издавачи
Мреж. местоlittlebigtown.com
Членови
  • Карен Ферчајлд
  • Кимберли Шлапман
  • Филип Свит
  • Џими Вестбрук

Little Big Town (транскрипција: Литл биг таун) ― американска кантри група од Хоумвуд, Алабама. Групата била основана во 1998 година и од основањето во неа членуваат: Карен Ферчајлд, Кимберли Шлапман, Филип Свит и Џими Вестбрук. Ферчајлд и Вестбрук биле во брак од 2006 година. Сите четири члена од групата се менуваат како водечки пејачи.

Групата потпишала договор со издавачката куќа Mercury Nashville Records, но не издале синглови ниту албуми со нив.[1][2] Првиот албум под наслов Little Big Town, го објавиле во 2002 година под издавачката куќа Monument Records. Од албумот произлегле два сингла кои имале умерен успех на кантри топ-листите по што групата ја напуштила издавачката куќа. Во 2005 година, групата потпишала со Equity Music Group, независна издавачка куќа во делумна сопственост на Клинт Блек.[3] Нивниот втор албум, The Road to Here, бил издаден истата година и добил платинест сертификат од Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA). A Place to Land, нивен трет албум, бил издаден преку Equity, а потоа по затворањето на Equity во 2008 година бил реиздаден преку Capitol Nashville. Следеле уште седум албуми со Capitol: The Reason Why (2010), Tornado (2012), Pain Killer (2014), The Breaker (2017), Nightfall (2020), Mr. Sun (2022) и The Christmas Record (2024); четири од нив се искачиле на прво место на топ-листата за кантри-албуми.

Нивни најуспешни синглови на кантри топ-листите биле: „Pontoon“, „Better Man“, „Boondocks“, „Bring It On Home“, „Little White Church“, „Tornado“, „Day Drinking“ и „Girl Crush“.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Little Big Town (2002)
  • The Road to Here (2005)
  • A Place to Land (2007)
  • The Reason Why (2010)
  • Tornado (2012)
  • Pain Killer (2014)
  • Wanderlust (2016)
  • The Breaker (2017)
  • Nightfall (2020)
  • Mr. Sun (2022)
  • The Christmas Record (2024)
  1. Mansfield, Brian (2006-10-22). „Success no longer on Town's outskirts“. USA Today. Посетено на 2007-12-16.
  2. Ruhlmann, William. „Little Small Town biography“. Allmusic. Посетено на 2007-12-16.
  3. Mansfield, Brian (2006-10-22). „Success no longer on Town's outskirts“. USA Today. Посетено на 2007-12-16.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]