Dropbox (услуга)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Dropbox
Dropbox logo.png
Програмери Dropbox, Inc.
Првично издание септември 2008
Развојна состојба Активен
Опер. систем Повеќе подлоги
Јазици англиски
Вид Интернет-бекап
Лиценца Затворен код
Мреж. место http://www.dropbox.com/

Дропбокс (англиски: Dropbox) e мрежна услуга за управување со содржини, направен од страна на Dropbox, Inc. Оваа компанија го користи принципот на клауд-компјутинг (cloud computing) за да им овозможи на корисниците преку интернет да чуваат и разменуваат податотеки и директориуми со други луѓе со користење на синхронизација на податотеки. Основана е во 2007 година од страна на двајца дипломирани студенти од МИТ, Дру Хјустон и Араш Фирдоуси, со помош на Y Combinator. [1] Услугата дава можност за бесплатна опција и опција за плаќање за различни потреби на корисниците. [2]Услугата може да се инсталира на повеќе подлоги преку клиенти кои се адаптирани за неколку оперативни системи и мобилни уреди како и веб-базираниот клиент кој функционира преку било кој веб прелистувач. Услугата користи Freemium финансиски модел и за своите бесплатни услуги обезбедува 2GB онлајн простор. Главната конкуренција на овој услуга се Box.net (Бокс.нет), Sugarsync (Шугарсинк), Mozy (Мози) и ZumoDrive (ЗумоДрајв). [3][4]

Историја[уреди]

Дру Хјустон добил инспирација за Dropbox поради неговите фрустрации кога ја заборавал УСБ флеш меморијата и поради тоа што моменталните услугаи се соочувале со проблеми при справување со големи податотеки, со грешки, или поради латентноста на Интернет мрежата. Тој почнал да прави нешто негово, но открива дека може да им помогне на многу луѓе со својот изум. Хјустон ја основал компанијата Dropbox Inc. во 2007 година и кратко потоа се осигурал со почетно финансирање од Y Combinator. Така Dropbox официјално е пуштен во 2008 година на годишната конференција за технологии TechCrunch50. [5] [6] Поради несогласувања околу заштитниот знак помеѓу компаниите Evenflow (матичната компанија) и Proxy, Inc., официјалното име за домејнот на Dropbox било “getdropbox.com” до октомври 2009, кога тие успеале да си го земат својот моментален домен “dropbox.com” од дотогашниот сопственик на доменот. Во 2009 година Dropbox го назначил Адам Грос, за Сениор Заменик Претседател на Маркетинг и Продажба. [7] Седиштето е сместено во Сан Франциско и основано е од Sequola Capital, Accel Partners и Amidzad. Овој услуга моментално брои над 4 милиони корисници. Во септември 2009 година, Dropbox пушти во работа специјални клиенти за iPhone и iPod Touch. Во мај 2010 тие пуштија официјални клиенти за iPad и Android телефоните, а се најавува и клиент за Blackberry. [8] [9] Можеме да кажеме дека овој услуга исто така ни нуди клиент за подвижен Windows кој директно ги синхронизира податотеките со флеш мемориски стик.

Во мај 2010, Dropbox пушти нова карактеристика за мобилен клауд компјутинг наречен “Anywhere” што им дозволува на корисниците хомогено да пристапуваат и да менуваат податотеки преку бројни популарни мобилни уреди како iPad, Blackberry, Android итн. Исто така, пуштен е основниот клиент за Windows и се вика „Dropboxx“.

Функционалност[уреди]

Клиентот Dropbox овозможува корисниците да можат да го стават било кој фајл во назначениот директориум кој потоа се синхронизира со облакот и со било кој од компјутерите и уредите на корисникот. Корисниците исто така можат да качуваат податотеки преку веб прелистувач. Преку ова искористување, услугата се смета за алтернатива на носење физички УСБ фреш меморија и други форми на пренос како ФТП и додатоци во е-пошта. [10] [11] [12] Додека Dropbox функционира како услуга за чување, фокусот е на синхронизација и делење. Поддржува ревизија на историја, така што избришаните податотеки од дадениот директориум можат да се вратат од било кој од синхронизираните компјутери. Верзијата за контрола на Dropbox исто така им помага на корисниците да ја запознаат историјата на фајлот на кој моментално работат, овозможувајќи повеќе од една личност да го менува и препраќа без компликации со губење на предходната верзија. Верзираната историја е лимитирана на 30 дена. Има опција која се плаќа и дава да се чува неограничена историја и се нарекува “Pack-Rat”. [13] Верзираната историја е споена со користење на технологијата за делта енкодирање. За да се зачува на ширината на опсег и време, ако фајлот во директориумот на корисничкиот Dropbox се промени, услугата тогаш го качува само делот од фајлот кој се променил. Иако десктоп клиентот нема ограничувања на индивидуалната големина на фајлот, податотеките качени преку веб сајт се лимитирани на максимум од 300 MB по фајл. За да се спречат бесплатните корисници од создавање на многу слободни сметки, Dropbox ја вклучува и содржината на делливи директориуми кога го собира искористениот простор во рамките на една сметка. [14] Овој услуга користи систем за зачувување S3 на Amazon и SoftLayer Технологии за неговата позадинска структура, иако Хјустон објавил дека Dropbox може да се префрли на различен провајдер за чување во иднина. Исто така, се користи SSL при трансфер за синхронизација и ги зачувува податоците преку AES-256 енкрипција. [15] [16] [17] Моќните корисници развиваат бројни иновативни корисници за мешање на технологиите со што се проширува функционалноста на Dropbox. Тука се вклучени праќања на податотеки до Dropbox преку Gmail, користење на Dropbox за синхронизација на логови од разговори со инстант пораки (IM), управување на лозинки, лансирање на далечински апликации и системски мониторинг како и бесплатен услуга за веб хостирање. Името на Dropbox директориумот може да се промени со Python скрипта во PyDropboxPath. [18][19][20][21][22][23]

Авторски права[уреди]

Dropbox се сложува да се покори на актот за авторски права DMCA и со тоа да ги спречи корисниците од качување на заштитена содржина на нивните опслужувачи. Dropbox си го зачувува правото да избрише или тргне некој фајл од сметките на корисниците доколку не е во согласност со овој акт. Услугата исто така ги одвраќа своите корисници од качување пронографски, расистички и погрдни содржини. [24] Dropbox also dissuades its users from uploading pornographic, racist, and defamatory content.[25]

Прием на услугата[уреди]

Dropbox бил фален од повеќе публикации вклучувајќи ги The New York Times, PC Magazine и Washington Post за неговиот едноставен дизајн и леснотија во користењето. Исто така, има добиено повеќе награди и бил номиниран од многу веб страници за најдобра интернет апликација. Dropbox е критикуван за тоа што не поддржува приватна енкриција на клучот со тоа што не се овозможува синхронизација на податотеки кои се во употреба или се заклучени, што е рестриктиран на еден директориум и за автоматското логирање. [26][27][28]

Наводи[уреди]

  1. „About Dropbox“. Dropbox, Inc.. https://www.dropbox.com/about. конс. 22 април 2010. „Dropbox was founded by Drew Houston and Arash Ferdowsi in 2007, and received seed funding from Y Combinator.“ 
  2. „Official Dropbox Pricing Page“. https://www.dropbox.com/pricing. конс. 22 април 2010. 
  3. Purdy, Kevin (17 октомври 2008). „Free Online Storage Feature-by-Feature Comparison Chart“. Lifehacker. http://lifehacker.com/5064688/free-online-storage-feature+by+feature-comparison-chart. конс. 26 април 2010. 
  4. Chartier, David (5 февруари 2009). „Box.net takes online file storage collaborative, social“. Ars Technica. http://arstechnica.com/web/news/2009/02/boxnet-takes-online-file-storage-collaborative-social.ars. конс. 22 април 2010. „As a quick primer, Box.net is fundamentally similar to Dropbox, Windows Live SkyDrive, Apple's iDisk, and a wealth of online file storage competitors.“ 
  5. Ying, Jon (5 февруари 2009). „Meet the Team! (Part 1)“. „The Dropbox Blog“. Dropbox, Inc.. http://blog.dropbox.com/?p=23. конс. 24 април 2010. 
  6. Kincaid, Jason (13 октомври 2009). „Dropbox Acquires The Domain Everyone Thought It Had: Dropbox.com“. TechCrunch. http://techcrunch.com/2009/10/13/dropbox-acquires-the-domain-everyone-thought-it-had-dropbox-com/. конс. 25 април 2010. 
  7. Wauters, Robin (20 јануари 2010). „Dropbox Announces 4 Million Users, Hires A VP From Salesforce“. TechCrunch. http://techcrunch.com/2010/01/20/dropbox-4-million-user/. конс. 26 април 2010. „File sharing and synchronization service provider Dropbox this morning announced that it has passed the 4,000,000 user milestone.“ 
  8. Pash, Adam (29 септември 2009). „Dropbox Comes to the iPhone and iPod touch“. Lifehacker. http://lifehacker.com/5370537/dropbox-comes-to-the-iphone-and-ipod-touch. конс. 7 мај 2010. 
  9. Purdy, Kevin (4 мај 2010). „Dropbox Releases Android Client, Announces API and BlackBerry App“. Lifehacker. http://lifehacker.com/5531226/dropbox-releases-android-client-announces-api-and-blackberry-app. конс. 7 мај 2010. 
  10. Ryan Paul. „How Dropbox ended my search for seamless sync on Linux“. Ars Technica. http://arstechnica.com/news.ars/post/20080914-how-dropbox-ended-my-search-for-seamless-sync-on-linux.html. конс. 24 септември 2008. 
  11. Scott Dunn. „Dropbox File Sync Service“. PC World. http://www.pcworld.com/article/149058/dropbox_file_sync_service.html. конс. 24 септември 2008. 
  12. „writing tools dropbox“. badlanguage.net. http://www.badlanguage.net/writing-tools-dropbox. конс. 15 април 2010. 
  13. „What is Pack-Rat?“. Dropbox. https://www.getdropbox.com/help/113. конс. 24 октомври 2009. 
  14. „Will joining someone else's shared folder use my quota?“. „Dropbox FAQ“. Dropbox, Inc.. https://www.dropbox.com/help/59. конс. 15 април 2010. 
  15. „Where are my files stored?“. „Dropbox FAQ“. Dropbox, Inc.. https://www.dropbox.com/help/7. „All files stored online by Dropbox are encrypted and kept securely on Amazon's Simple Storage Service (S3) in data centers located along the east coast of the United States.“ 
  16. Drager, Dave (17 март 2010). „DropBox : Review, Invites, and 7 Questions with the Founder“. MakeUseOf.com. http://www.makeuseof.com/tag/dropbox-review-invites-and-7-questions-with-the-founder/. конс. 7 мај 2010. „We may not be on s3 forever, and will build our own store in addition, but for now this lets us focus on both the client software and the performance of the layer we’ve developed on top of s3.“ 
  17. „Dropbox Features“. http://www.dropbox.com/features. конс. 1 јануари 2010. 
  18. Alex Castle. „15 Hacks Every Dropbox User Should Know“. Maximum PC. http://www.maximumpc.com/article/features/15_things_you_have_know_about_dropbox?page=0%2C3. конс. 15 април 2010. 
  19. „15 Advanced Dropbox Hacks“. StoreCrowd. http://storecrowd.com/blog/dropbox-hacks/. конс. 15 април 2010. 
  20. Pash, Adam (14 октомври 2008). „How to Use Dropbox as the Ultimate Password Syncer“. LifeHacker. http://lifehacker.com/5063176/how-to-use-dropbox-as-the-ultimate-password-syncer. конс. 27 мај 2010. 
  21. Gordon, Whitson (25 мај 2010). „Launch Applications Remotely with Dropbox and AutoHotkey“. LifeHacker. http://lifehacker.com/5547714/launch-applications-remotely-with-dropbox-and-autohotkey. конс. 27 мај 2010. 
  22. Ho, Erica (18 мај 2010). „Use Dropbox to Monitor Your Computer Remotely“. LifeHacker. http://lifehacker.com/5541713/use-dropbox-to-monitor-your-computer-remotely. конс. 27 мај 2010. 
  23. tehdavid (30 април 2010). „Use Dropbox to Share and Host Your Web Site“. LifeHacker. http://lifehacker.com/5528104/use-dropbox-to-share-and-host-your-web-site. конс. 27 мај 2010. 
  24. „Dropbox DMCA Policy“. Dropbox, Inc.. http://www.dropbox.com/terms#dmca. конс. 26 април 2010. „Upon receipt of Notice as described below, Dropbox will take whatever action, in its sole discretion, it deems appropriate, including removal of the challenged content from the Site.“ 
  25. „Dropbox Terms of Service“. Dropbox, Inc.. http://www.dropbox.com/terms#terms. конс. 26 април 2010. 
  26. „Digital Storage Options for Workers on the Go“. The New York Times. http://www.nytimes.com/2009/01/18/business/18novel.html. конс. 15 април 2010. 
  27. Dunn, Scott (1 август 2008). „Dropbox File Sync Service“. The Washington Post. http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/article/2008/08/01/AR2008080100260.html. конс. 25 април 2010. 
  28. Mendelson, Edward (25 март 2009). „Dropbox“. PC World. http://www.pcmag.com/article2/0,2817,2343861,00.asp. конс. 25 април 2010. 

Надворешни врски[уреди]