Пајтон (програмски јазик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пајтон
Python logo and wordmark.svg
Дизајнирано од: Гуидо ван Росум
Последно издание: 3.6.1 / 21 Март 2017 /
Веб страница: https://www.python.org/

Пајтон е често користен програмски јазик за општа употреба, креиран од Гуидо ван Росум од Python software foundation во 1991. Претстаавува интерпретиран програмски јазик, дизајниран со филозофија и принципи кои се фокусирани на чист код и едноставна синтакса. Концизноста на јазикот дозволува концепти и алгоритми многу брзо да се претворат во код, и основата на јазикот дозволува проекти од мал и голем размер.

Пајтон е карактеризиран со динамички систем на типови, автоматски менаџмент на меморија и дозволува различни парадигми, како објектно-ориентирано програмирање, функционално програмирање, процедурално програмирање, и др. Има голема сеопфатна стандардна библиотека. [1]

Интерпретери за Пајтон постојат за многу оперативни системи, што му овозможува на овој програмски јазик да работи на различни системи. CPython e референтната имплементација (стандардната имплементација од која потекнуваат и други променети варијанти), напишана во C и објавена како слободен софтвер[2]. Оваа имплементација е одржувана од непрофитната организација Python Software Foundation.

Пример[уреди | уреди извор]

Ова е изворен код напишан во Пајтон кој на стандардниот излез ќе испечати „Здраво, свете!“:

print("Здраво, свете!")

Изразување на циклуси, рекурзивни програми и решавање на сложени дискретни проблеми е многу едноставно. Пример на изворен код кој ќе ги испише сите пермутации од втор ред на множеството {A, B,C}:

import itertools # стандардна библиотека за итерација

mnozestvo = {'A', 'B', 'C'}
permutacii = itertools.permutations(mnozestvo, 2)
print(list(permutacii))

Како резултат ќе се добие низа од торки: [('A', 'C'), ('A', 'B'), ('C', 'A'), ('C', 'B'), ('B', 'A'), ('B', 'C')].

Име[уреди | уреди извор]

Името на овој програмски јазик потекнува од телевизиската серија Монти Пајтон, и честа појава е користење на имиња на ликови или цитати од серијата во примери и прирачници за програмирање со Пајтон. Исто така, официјалната документација на овој јазик содржи анегдоти од Монти Пајтон

Префиксот „py-“ често се користи во имиња на проекти кои се поврзани со овој програмски јазик. Примери се библиотеки и апликации како pygame (библиотека за правење игри), PyQt (Пајтон адаптер за Qt), PyGTK (Пајтон адаптер за GTK).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]