Boney M.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Boney M.
Boney M. во 1981
Биографски податоци
ПотеклоЗападна Германија
Жанрови
Период на активност1974–1988
Поранешни членови
Лиз Мичел
Марша Барет
Мејзи Вилијамс
Боби Фарел
Реџи Цибое

Boney M. (на македонска транскрипција: Бони ем) била германско - карипска диско и фанк група[1] основана од германскиот музички продуцент Френк Фаријан, кој обично бил текстописец на песните од групата. Групата била основана во Западна Германија, а четирите оригинални членови на официјалната постава на групата биле Лиз Мичел и Марсија Барет од Јамајка, Мејзи Вилијамс од Монсерат и Боби Фарел од Аруба. Групата е основана во 1976 година и била популарна во диско ерата кон крајот на 1970-тите. Во 1980-тите, составот на бендот често се менувал.

Бендот има продадено преку 100 милиони плочи ширум светот и е познат по хитовите како: „Daddy Cool“, „Ma Baker“, „Belfast“, „Sunny “, „Rasputin“, „Mary's Boy Child – Oh My Lord“ и „Rivers of Babylon “.[2]

Состав[уреди | уреди извор]

  • Лиз Мичел – водечки и придружен вокал (1976–1986, 1988-1989, 1990, 1992-)
  • Марсија Барет – водечки и придружен вокал (1975–1986, 1988-1989)
  • Мејзи Вилијамс – танчерка, вокал во живо (1975–1986, 1988-1989)
  • Боби Фарел - танчер, вокал во живо (1975–81, 1984–1986, 1988–1989; почина во 2010 година)
  • Реџи Цибое – водечки и придружни вокали (1982–1986, 1990)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов
1976. Take the Heat Off Me
1977. Love for Sale
1978. Nightflight to Venus
1979. Oceans of Fantasy
1981 Boonoonoonoos
1981. Christmas Album
1984. Ten Thousand Lightyears
1985. Eye Dance (Boney M. featuring Bobby Farrell)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Празен навод (help)
  2. „Boney M | full Official Chart History | Official Charts Company“. www.officialcharts.com. Посетено на 2022-04-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]