Прејди на содржината

Baltimora

Од Википедија — слободната енциклопедија
Baltimora
ПотеклоМилано, Италија
Жанрови
Период на активност1984–1987
Издавачи
Поранешни членови
  • Џими Мекшејн[2]
  • Маурицио Баси
  • Наими Хакет

Baltimora (транскрипција: Балтимора) ― поранешна италијанска музичка група од Милано, активна од 1984 до 1987 година.[3] Најпозната песна од групата била „Tarzan Boy“ од 1985 година. Песната „Woody Boogie“ (1985) била популарна во неколку европски земји, како и во нивната родна Италија.

Историја на групата

[уреди | уреди извор]

На почетокот од 1984 година Маурицио Баси (музички продуцент и музичар од Милано) се запознал со Џими Мекшејн (роден во Дери, Северна Ирска). Тие решиле да основаат група и го избрале името Балтимора, според американскиот град Балтимор на кој му ја додале буквата „а“ за да звучи поиталијански.[4]

Првиот сингл на Балтимора, „Tarzan Boy“, бил издаден во април 1985 година и станал огромен хит во Европа; стигнал до 6-то место на италијанската топ-листа за синглови и се пласирал во топ-5 на топ-листите во: Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, Франција, Холандија, Норвешка и Обединетото Кралство.[5][6][7][8] Вториот сингл, „Woody Boogie“, исто така имал забележителен успех и се пласирал во топ-20 во: Германија, Швајцарија и Шведска.[6][9]

Првиот албум на Балтимора, Living in the Background , бил издаден во Европа на крајот од 1985 година и во САД во 1986 година. И покрај успехот на „Tarzan Boy“, Living in the Background имал само умерен успех на топ листите; успеал да влезе во топ-20 на топ-листите во само неколку земји во Европа,[10] и до 49 место на американската топ-листа.[11]

Откако вториот албум на Балтимора, Survivor in Love (1987) и синглот „Key Key Karimba“ не успеале да се пробијат на топ-листите, Балтимора ја загубила поддршката од издавачката куќа и Баси решил да ја распушти групата.

Џими Мекшејн починал од СИДА во март 1995 година.[12]

  1. Castelli, Vittorio (20 December 1986). „Now Italian Talent Can Make That Vital International Breakthrough“. Billboard. том 98 no. 51. стр. I-6. ISSN 0006-2510.
  2. Hooker, Tom. Interview with Zeljko Vujkovic. Tom Hooker – Interview. September 2001.
  3. Monger, Timothy. „Baltimora“. AllMusic. Посетено на 21 February 2021.
  4. Jimmy McShane (Baltimora). (23 August 1985). Bravo TV. [TV]. RTL II. 
  5. „Baltimora – Tarzan Boy“ (холандски). Ultratop. Hung Medien. Посетено на 7 November 2014.
  6. 6,0 6,1 „Baltimora“ (германски). Official Charts. Архивирано од изворникот на 7 November 2014. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Germany“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  7. „Baltimora“. Official Charts. Посетено на 31 May 2013.
  8. Wanner, Cheryl (29 March 1986). „Baltimora: Living in the Background“. The Morning Call. стр. 59. Посетено на 3 January 2021.
  9. „Baltimora – Woody Boogie“. Ultratop. Hung Medien. Посетено на 7 November 2014.
  10. „Baltimora – Living in the Background“. Swedishcharts.com. Hung Medien. Посетено на 7 November 2014.
  11. „Baltimora – Awards“. AllMusic. Посетено на 30 November 2010.
  12. Talevski, Nick (2006). Rock Obituaries: Knocking on Heaven's Door. Omnibus Press. стр. 18. ISBN 978-1-84609-091-2.