2 Unlimited

Од Википедија — слободната енциклопедија

2 Unlimited (Ту Анлимитед) — холандско[1][2][3] денс дуо формирано во 1991 година. Проектот е замислен од страна на белгиските продуценти Jean-Paul De Coster и Phil Wilde, кои биле и главните творци на поголемиот дел од музичките подлоги за песните. Холандскиот рапер Ray Slijngaard и пејачката Anita Doth биле задолжени за вокалите, појавувањето на настапите во живо, како и за пишувањето на текстовите на песните. Всушност Реј и Анита се она што сите го знаат како „2 Unlimited“.

Нивниот прв сингл „Get Ready For This“ (Подготви Се За Ова) бил издаден во 1991 година и како бура ги преплавил европските топ листи. Сепак 2 Unlimited најдобро се познати по песната „No Limits“ (Без Граници), песна која во годината 1993 станува број еден хит ширум целиот свет, притоа достигнувајќи го врвот во 35 земји.

Албуми[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jiménez, Maria (28 January 1995). „Music From Holland: An All Encompassing Phrase“. Billboard. том 107 no. 4. стр. 58. ISSN 0006-2510.
  2. Bush, John. „2 Unlimited – Artist Biography“. AllMusic. Посетено на 6 May 2012.
  3. Mooij, Thessa (31 May 1997). „Slijngaard Builds On His Unlimited Base“. Billboard. том 109 no. 22. стр. 58. ISSN 0006-2510.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]