23П/Брорсен–Меткалф

Од Википедија — слободната енциклопедија
23П/Брорсен–Меткалф
Откривање
ОткривачТеодор Брорсен и Џоел Меткалф
Откриена20 јули 1847 година
Други
ознаки
1847 O1, 1919 Q1, 1989 N1
Орбитални особености A
Епоха1 октомври 1989 година
Афел33.65 AЕ
Перихел0,478 АЕ
Голема полуоска17.07 АЕ
Занесеност0.972
Период70.52а
Наклон19.33°
Последен перихел11 септември 1989 година
Следен перихел8 јуни 2059 година

23П/Брорсен–Меткалф е периодични комети со орбитален период од 70 години. Таа одговара на класичната дефиниција за комета од типот Халеј со период 200 години. За прв пат била откриена од Теодор Брорсен во Опсерваторијата Алтона на 20 јули 1847 година, и повторно од Каспар Швајцер (Москва) на 11 август 1847 година. Било предвидено дека повторно ќе се појави помеѓу 1919 и 1922 година[1].

На 21 август 1919 година, кометата била забележена од Џоел Хестингс Меткалф (Камп Идлевилд, Вермонт, Соединетите Американски Држави) како 8-ма магнитуда. Дополнителни откритија биле направени од Едвард Барнард (опсерваторија Јеркс, Висконсин, САД) на 22 август, Мишел Џакобини (Париз, Франција ), Островлев (Теодосија, Крим) и Селаванов (Санкт Петербург). До крајот на септември 1919 година била потврдена како кометата на Брорсен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „23P/Brorsen–Metcalf“. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 2021-12-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Комети со бројни ознаки
Претходна
22P/Kopff
23П/Брорсен–Меткалф Следна
24P/Schaumasse