20 000 милји под морето (филм од 1954)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

20 000 милји под морето (англиски: 20.000 Leagues Under the Sea) - американски филм од 1954 година, во режија на Ричард Флејшер (Richard Fleischer), според сценариото на Ерл фелтон (Earl Felton). Главните улоги ги граат: Џејмс Мејсон (James Mason), Пол Лукас (Paul Lukas), Кирк Даглас (Kirk Douglas) итн. Филмот се одликува со одлична фотографија и сценографија, а во него се истакнува Џејмс Мејсон со маестрално одиграната улога на капетанот Немо. Филмот освоил две награди „Оскар“: за сценографија и за визуелни ефекти.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1868 година, на светските мориња владее паника поради честите потопувања на бродовите, наводно од страна на големо морско чудовиште. Поради тоа, американската влада го повикува најценетиот светски стручњак за поморство, францускиот професор Пјер Аронакс (го игра Лукас), кој треба да ја испита мистеријата. Тој заминува на пат, заедно со стручњакот за харпуни, морнарот Нед Ланд (го игра Даглас). Набрзо, тие откриваат дека не се работи за морско чудовиште, туку за подводното пловило „Наутилус“ со кое управува капетанот Немо (го игра Мејсон)...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]