20D/Вестфал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
20D/Вестфал
Откривање
ОткривачЈустус Георг Вестфал
Откриена24 јули 1852
Други
ознаки
21P/1852 O1; 1852 IV;
21P/1913 S1; 1913 VI;
1913d
Орбитални особености A
Епоха9 ноември 1913 (ЈД 2420080.5)
Апхел30.030 АЕ
Перихел1.2540 АЕ
Голема полуоска15.642 АЕ
Занесување0.9198
Период61.87 год
Наклон40.890°
Последен перихел3 јануари 1976[1] (ненабљудувана)
Следен перихел4 март 2038[1]
(„загубена“ по 1913 година)

20D/Вестфал (меѓународно: 20D/Westphal) - периодична комета со орбитален период од 61 година. Таа одговара на класичната дефиниција на халиевиот вид на комета со (20 години < период <200 години).[2] Првично била откриена од германскиот астроном Јустус Георг Вестфал (Гетинген, денешна Германија) на 24 јули 1852 година.

Самостојно била откриена од астроном од САД, Кристијан Хајнрих Фридрих Питерс (Цариград) на 9 август.

Кометата последен пат била видена помеѓу 27 септември и 26 ноември 1913 година, прво од Пабло Т. Делаван (Астрономска опсерваторија Ла Плата), а потоа и други. Се предвидувало да се врати во 1976 година но никогаш не била забележано, и сега се смета за загубена комета.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Seiichi Yoshida (21 февруари 2004). „20D/Westphal“. Seiichi Yoshida's Comet Catalog. Посетено на 9 јануари 2021.
  2. „JPL Small-Body Database Browser: 20D/Westphal“ (13 ноември 1913 последна орбита). Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 9 јануари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Нумерирани комети
Претходна
19P/Борели
20D/Вестфал Следна
21P/Џакобини–Цинер