17 јули (главна страница 2007)
1762 | Катерина Велика станува царица на Русија. |
1821 | Шпанија ја отстапува Флорида на САД. |
1862 | Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија. |
1936 | Почнува Шпанската граѓанска војна. |
1965 | Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам. |
1976 | Индонезија го анектира Источен Тимор. |
1984 | Лансиран е советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Членот на екипажот Светлана Савицка стана првата жена која се прошета во вселенскиот простор надвор од леталото. |