Шукуру
Шукуру (Xucuru, Shucurú, Sucurú) е индијанско племе од бразилската држава Пернамбуко кое ја населува територијата на планините Орорубо. Племето живее на 17 алдеи на подрачјето на општината Пескеира, додека племенското подрачје се простира на 27.555 ha. Во 1986 за племенски водич бил избран Шикао, но во 1998 бил убиен поради спортиставувањата со фармерите и ренџерите кои ја запоседнале индијанската земја. Во 1997 племето ја издава книгата Шукуру, децата на мајката природа('Xukuru, children of Mother Nature'). Ги има преку 8.000 на број.
Локални групи
[уреди | уреди извор]Шукуру биле поделени на 3 главни групи кои зборувале на посебни јазици и тоа:
- Шукуру или Ичикиле, биле населени крај реките Меио, Капибариба и Тапероа во Пернамбуко и Параиба.
- Паратио (Прарто) на реката Капибариба и
- Гаранхун, слабо позната група која била населена крај градот Гаранхунс, југозападно од Рекифе.
Јазик
[уреди | уреди извор]Шукуру индијанците зборувале на посебен јазик кој бил карактеристичен само за овој нарон. Сега сите зборуваат на португалски.
Литература
[уреди | уреди извор]- Hohenthal Jr., William D. 1954. Notes on the Shucurú Indians of Serra de Araroba, Pernambuco, Brazil. RMP 8:93-166. São Paulo
- Meader, Robert E. 1978a. Indios do nordeste. Levantamento sobre os remanescentes tribais do nordeste brasileiro.Brasília: SIL.
- Souza, Vânia Rocha Fialho de Paiva e 1992. As fronteiras do ser Xucuru. Estratégias e conflitos de um grupo indígenano NE. Dissertação de Mestrado. UFPe.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Der Fall der Xukurul
- Xukuru Do Brasil
- Xukuru Celebrate Homologation of Indigenous Area.
- Povo Xukuru
- Xukuru