Шукрија Исеиноски
Изглед
Шукрија Исеиноски | ||
Роден | 1925 година Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Ваљево, Србија | |
Националност | Македонска | |
Народност | Турска |
Шукрија Акиов Исеиноски ( 1925 во Кичево — 1944 во Ваљево, Србија) — македонски партизан од турска народност, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Пред окупацијата бил на работа во Белград. Определен за борба против окупаторот, станал член на СКОЈ. Во Народноослободителната војска се приклучил во есента 1943 година. Загинал во една борба со германскиот окупатор во есента 1944 година при ослободувањето на Ваљево.[1]