Шперплоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шперплоча

Шперплоча[1][2] (германски: das Sperrholz) — дрвена тенка плоча, добиена од неколку листови фурнир залепени под голем притисок, што ја прави отпорна на искривување. Се користи за изолација и во техничка култура. Се користи и за изработка на разни модели на куќи и градови. Таа е лесна, мека, цврста и непорозна. Шперплочата се добива со вкрстено лепење на непарен број слоеви фурнир.

Како и другите производи со дрвена основа, шперплочата е чувствителна на атмосферски влијанија, па затоа се препорачува соодветно складирање и внимателно ракување. Кај повеќето видови шперплочи, малите промени во содржината на влага нема да предизвикаат промена во димензиите. Се препорачува шперплочата за внатрешна употреба да се чува под исти услови како што ќе бидат изложени на местото на вградување. Шперплочата се добива со сечење и лепење на непарен број слоеви фурнир, кои се наредени еден врз друг попречно. На овој начин се зголемува цврстината на шперплочата како материјал. Се користи во занаетчиството и индустријата за производство на мебел, столарија и други предмети.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]