Шинџуку

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шинџуку
新宿区
Посебен округ
Град Шинџуку[1]
Облакодери во Шинџуку со планината Фуџи во позадина
Облакодери во Шинџуку со планината Фуџи во позадина
Знаме на ШинџукуАмблем на Шинџуку
Амблем
Местоположба на Шинџуку во Токио
Местоположба на Шинџуку во Токио
ДржаваЈапонија
РегионКанто
ПрефектураТокио
Управа
 • ГрадоначалникКеничи Јошизуми
 • Туристички амбасадорГодзила[2]
Површина
 • Вкупна18,23 км2 (704 ми2)
Население (2018)
 • Вкупно346.235
 • Густина190/км2 (490/ми2)
Часовен појасЈапонско стандардно време (UTC+9)
- ДрвоЈапонски брест
- ЦвеќеАзалеа
Тел. број03-3209-1111
Адреса на седиштеКабукичо 1-4-1, Шинџуку-ку, Токио 160-8484
Мреж. местоcity.shinjuku.lg.jp

Шинџуку (јапонски: 新宿区, шинџуку-ку; токиски дијалект: Шинџику) ― посебен округ во Токио, Јапонија. Тој е големo комерцијално и административно средиште, домувајќи ја северната половина на најпрометната железничка станица на светот (станицата Шинџуку) и зградата на метрополитенската влада на Токио, средиштето на администрацијата на владата на Токио. До 2018 година, округот има проценето население од 346,235 жители, и густина на населеност од 18,232 луѓе на км2. Вкупната површина е 18.23 км2.[3] Од крајот на Втората светска војна, Шинџуку бил големо второстепено средиште на Токио (фукутошин), конкурирајќи му на првичното градско средиште во Маруноучи и Гинза.

Шинџуку исто така најчесто се користи за да се однесува на целата област околу станицата Шинџуку. Јужната половина од оваа област и станицата всушност припаѓаат на областите Јојоги и Сендагаја од соседниот округ Шибуја.

Географија[уреди | уреди извор]

Канцелариски згради во Шинџуку.
Човек со гитара веднаш јужно од станицата Шинџуку, познато баскерско место.

Шинџуку е опкружен со Чијода на исток; Бункјо и Тошима на север; Накано на запад, и Шибуја и Минато на југ.[4]

Националната градина Шинџуку Гјо-ен и зградата на NTT DoCoMO Yoyogi.
Шинџуковска трговска улица.
Трговска област во Шинџуку.

Сегашниот град Шинџуку израснал од неколку одделни паланки и села, кои ги задржале некои разлики и покрај тоа што растеле заедно како дел од метрополата Токио.

Населби[уреди | уреди извор]

Во Ушигоме
  • Агеба-чо
  • Акагимотомачи
  • Бабашитамачи
  • Бентенчо
  • Вакамацумачи/Уакамацумачи
  • Вакамијачо/Уакамијачо
  • Васеда-чо/Уаседа-чо
  • Васедаминамимачи/Уаседаминамимачи
  • Васедацурумаки-чо/Уаседацурумаки-чо
  • Васедамачи/Уаседамачи
  • Енокимачи
  • Ивато-чо
  • Ичигајачоенџимачи
  • Ичигајадај-чо
  • Ичигајафунагаварамачи
  • Ичигајахачиман-чо
  • Ичигајахонмура-чо
  • Ичигајакага-чо
  • Ичигајакорачо
  • Ичигајанакано-чо
  • Ичигајасадохара-чо
  • Ичигајасанај-чо
  • Ичигајата-чо
  • Ичигајатакаџомачи
  • Ичигајајакуоуџи-чо
  • Ичигајајамабушичо
  • Ичигајајанаги-чо
  • Јамабуки-чо
  • Јарајмачи
  • Јокотерамачи
  • Јочо-мачи*
  • Кагурагаши
  • Кагуразака
  • Кајтаичо
  • Кикуичо
  • Китамачи
  • Китајамабушичо
  • Кодачо
  • Минамиенокичо
  • Минамимачи
  • Минамијамабуши-чо
  • Накамачи
  • Наказаточо
  • Нандочо
  • Ниџукимачи
  • Нишигокен-чо
  • Нишиваседа*
  • Сајкучо
  • Суидомачи
  • Сумијоши-чо
  • Тансумачи
  • Тенџинмачи
  • Томихиса-чо
  • Тојама*
  • Фукуромачи
  • Харајката-чо
  • Харамачи
  • Хигашиенокичо
  • Хигашикоген-чо
  • Цукиџи-чо
  • Цукидо-чо
  • Цукидохачиманчо
  • Шимомијаби-чо
  • Шиногавамачи
  • Широганечо

Во Јодоваши
  • Јочо-чо*
  • Кабукичо*
  • Камиочиај
  • Киташинџуку
  • Накај
  • Накаочиај
  • Нишиваседа*
  • Нишиочиај
  • Ниши-Шинџуку
  • Окубо
  • Такаданобаба
  • Томјама*
  • Тоцука-чо
  • Хјакунинмачи
  • Шимоочиај
  • Шинџуку*

Во Јоцуја
  • Ајсумичо
  • Аракимачи
  • Вакаба/Уакаба
  • Дајкјомачи
  • Кабукичо*
  • Касумигаокачо
  • Катамачи
  • Минамимотомачи
  • Најточо
  • Самонмачи
  • Сугамачи
  • Јоцуја
  • Јоцујахоншиочо
  • Јоцујасакамачи
  • Јоцујасанеичо
  • Фунамачи
  • Шинаномачи
  • Шинџуку*

Историја[уреди | уреди извор]

Шинџуку ноќе.

Во 1634 година, за време на периодот Едо, како што бил изграден надворешниот ров на замокот Едо, голем број храмови и светилишта биле преселени во областа Јоцуја на западниот раб на Шинџуку. Во 1698 година, Наито-Шинџуку бил развиен како нова (шин) станица (шуку или џуку) на Кошу Каидо, еден од главните автопати во тоа време. Наито било презимето на еден дајмјоо, чија палата стоела во областа; неговата земја сега е јавен парк, Шинџуку Гјоен. Во 1898 година, Фабриката за прочистување на вода Јодобаши, првиот современа градба за третман на вода во градот, бил изградена во областа што сега се наоѓа помеѓу паркот и железничката станица.[5]

Во 1920 година, градот Наито-Шинџуку, кој опфаќал големи делови од денешното Шинџуку (населбата, а не општината), делови од Ниши-Шинџуку и Кабукичо биле интегрирано во единицата Град Токио. Шинџуку започнал да се развива во сегашниот облик по големиот земјотрес во Канто во 1923 година, бидејќи сеизмички стабилната област во голема мера го избегнала уништувањето. Следствено, Западен Шинџуку е една од ретките области во Токио со многу облакодери.

Воздушните напади во Токио од мај до август 1945 година уништиле речиси 90% од зградите во областа во и околу станицата Шинџуку.[6] Предвоениот облик на Шинџуку, и остатокот од Токио, за тоа прашање, бил задржан по војната, бидејќи патиштата и шините, оштетени како што биле, останале, и тие го обликувале срцето на Шинџуку во повоената конструкција. Само во Кабуки-чо бил спроведен голем план за реконструкција.[7]

Сегашниот округ бил основан на 15 март 1947 година со спојување на поранешните окрузи Јоцуја, Ушигоме и Јодобаши. Служел како дел од атлетската 50 километарско пешачење и маратон за време на Летните олимписки игри 1964.[8] Во 1970-тите, фабриката за прочистување на водата Јодобаши била затворена и била заменета со облакодери.[9]

Во 1991 година, метрополитенската влада во Токио се пресели од областа Маруноучи во Чијода во сегашната зграда во Шинџуку. (Токискиот меѓународниот форум стои на поранешното место испразнето од градската влада.)

Превоз[уреди | уреди извор]

Шинџуку е главно урбано превозно средиште. Се проценува дека станицата Шинџуку поминува 3,64 милиони патници секој ден, што ја прави најпрометната станица во светот. Во него се сместени клучки за три линии на метрото и три патнички линии во приватна сопственост, како и неколку линии на јапонското железничко претпријатие.

Сестрински градови[уреди | уреди извор]

Шинџуку има договори за збратимен град со неколку места:[10]

  • Левкада, Грција
  • Мите, Берлин, Германија
  • Донгченг, Пекинг, НР Кина
  • Ина, Нагано, Јапонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Shinjuku City Архивирано на 9 февруари 2008.
  2. Izadi, Elahi (9 април 2015). „Terrifying monster named Tokyo's new tourism ambassador“. The Washington Post. Посетено на 7 август 2021.
  3. Shinjuku City[мртва врска]
  4. Tokyo Special Wards Map
  5. „Water Supply in Tokyo“. Bureau of Waterworks, Tokyo Metropolitan Government. Bureau of Waterworks, Tokyo Metropolitan Government. Посетено на 7 август 2021.
  6. History of Shinjuku Архивирано на 26 март 2006 г.
  7. Ichikawa, 2003
  8. 1964 Summer Olympics official report.
  9. „Shinjuku Then and Now“. Real Estate Japan. GPlus Media Inc. 7 октомври 2015. Посетено на 7 август 2021.
  10. Friendship cities Архивирано на 7 април 2010 г.

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]