Шилецот (Орвел)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Шилецот (изворно на англиски: The Spike) ― есеј од 1931 година на Џорџ Орвел во кој тој го детализира своето искуство со преноќување во обична просторија на една т.н. куќа за сиромаси или работна куќа (разговорично позната како „шилец“) во близина на Лондон. Оваа епизода од животот на Орвел се случила додека тој намерно живеел како скитник во и околу Лондон како дел од општествениот опит што ќе ја образува основата на неговата прва книга Никој и ништо во Париз и Лондон. Настаните од овој есеј се наоѓаат и во таа книга, иако есејот не е препечатен дословно во книгата.

Орвел бил во Париз, во август 1929 година, кога прв пат испратил примерок од „Шилецот“ до списанието New Adelphi. New Adelphi бил лондонска периодика која била во сопственост на Џон Мидлтон Мари. Мари им ја предал уредувачката управа на сер Ричард Рис и Макс Плоуман, а Плоуман бил тој што го прифатил делото за објавување. Сепак, биле потребни различни ревизии, а делото било испечатено дури во април 1931 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. D. J. Taylor Orwell: The Life Chatto & Windus 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]