Шебеник
Шебеник | |
---|---|
Shebenik | |
![]() Поглед на Шебеник од долината | |
Највисока точка | |
Врв | Шебеник |
Надм. височина | 2.253 м |
Величина | |
Должина | 20 км СЗ-ЈИ |
Ширина | 12 км ЈЗ-СИ |
Географија | |
Земји | ![]() |
Општина | Либражд |
Координати | 41°12′ N; 20°28′ E / 41.2° N; 20.47° EКоординати: 41°12′ N; 20°28′ E / 41.2° N; 20.47° E |
Шебеник (албански: Shebenik) — планина кај Либражд, источна Албанија, недалеку од границата со Македонија. Сместена е веднаш на запад од Јабланица, од која е одвоена со долината на реката Бистрица (Албанија) и областа Струшки Дримкол понатаму на североисток. Најблизок град 2,5 км североисточно од Либражд и 12 км северозападно од Струга.
Масивот е долг 20, а широк околу 12 км. Највисокиот врв, исто така наречен Шебеник (Maja e Shebenikut), се наоѓа на 2.253 м надморска височина, а има неколку врва од преку 2.000 м.
Планината е особено значајна поради природното богатство и затоа е заштитена како дел од националниот парк Шебеник-Јабланица. Од особен интерес е запазувањето на рисот[1] и неговото живеалиште на неа.
Леднички езера[уреди | уреди извор]
Шебеник има девет леднички езера, од кои најјужно и најголемо е Рајчичкото (Liqeni i Rrajcës), сместено на источниот срт. Долго е 220, а широко 160 м.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Proclamation of the natural ecosystem of Shebenik – Jabllanica as a "National Park"“. Cat Specialist Group.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Шебеник“ на Ризницата ? |
- Национален парк Шебеник-Јабланица на порталот на Општина Центар - Либражд (англиски)