Швина
Швина Świna | |
---|---|
![]() Вливот на Швина во Балтичкото Море | |
Земја | ![]() |
Слив | |
Главен извор | Шчеќински Залив |
Устие | Балтичко Море 53°55′21″N 14°16′52″E / 53.92250° N; 14.28111° EКоординати: 53°55′21″N 14°16′52″E / 53.92250° N; 14.28111° E |
Физички особености | |
Должина | 16 км |
Швина (полски: Świna, германски: Swine; поморски: Swina) — кратка река во северозападна Полска, 2-4 км од германската граница. Се влева во Шчеќинскиот Залив на Балтичкото Море помеѓу островите Узнам (Узедом) и Волин. Реката е ракав во устието на Одра и одлева околу 75 % од неа (преостанатите 15 % отпаѓаат на Пенештром, а 10 % на Ѓивна). Долга е околу 16 км. На рекат е сместен градот Швиноујшќе.
Помеѓу 1874 и 1880 г. реката е заградена и продлабочена, создавајќи го Пјастовскиот Канал (Kaiserfahrt).[1] Каналот го поврзува северниот дел на Швина непосредно со Шчеќинскиот Залив и пристанишниот град Шчеќин (Штетин). Со ова реката добила на важност како воден пат од морето до индустриски град. По Втората светска војна е извршено етничко чистење и подрачјето ѝ е предадено на Полска.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Казебург (Каршибур) — Швинеминде, посет. 28 април 2012 г.