Човекот со златна рака (филм од 1955)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Човекот со златната рака (англиски: The Man with the Golden Arm) – американски филм од 1955 година, во режија на Ото Премингер (Otto Preminger) по сценариото на Волтер Њуман (Walter Newman) и Луис Мелцер (Lewis Meltzer). Филмот, заснован на истоимениот роман на Нелсон Алгрен, бил номиниран за „Оскар“ во три категории (најдобар глумец, најдобра сценографија и најдобра музика). Главните улоги ги играат: Френк Синатра, Ким Новак, Елинор Паркер и Арнолд Стенг.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се зборува за еден зависник од дрога, кој во затворот успева да се ослободи од зависноста. Меѓутоа, по излегувањето од затворот, тој запаѓа во тешка апстиненцијална криза и се бори со искушението од повторно навлекување на дрогата...

Наводи[уреди | уреди извор]