Прејди на содржината

Четири класични романи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Четирите класични романи, (кинески: 四大名著, пинјин: sì dà míngzhù, буквално: „Четири големи творби“) се четири романи кои важат за највлијателни дела во кинеска книжевност до појавата на модернизмот. Овие прозни дела се општо познати за сета кинеска јавност, и се напишани во времето на династиите Минг и Ќинг.

Делата важат за едни од најстарите и најдолгите романи во светот и се сметаат за врв на класичното кинеско прозно творештво. Извршиле влијание врз многу творби како раскази, драмски дела, филмови, игри и др. ширум источна Азија, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Кореја и Виетнам.

По хронолошки редослед, делата се следниве:

МакедонскиКинески (упр.)Кинески (трад.)ПинјинМак. тр.АвторПериод
Разбојници од крајбрежјето水浒传水滸傳Shuǐhǔ ZhuànШујху џуанШе Најан[1]XIV век
Повест за трите кралства三国演义三國演義Sānguó YǎnyìСангуо јенјиЛуо ГуангџунгXIV век
Патешествие на запад西游记西遊記Xī Yóu JìСји јоу џиВу ЧенгенXVI век
Сон во црвената одаја红楼梦紅樓夢Hóng Lóu MèngХунг лоу менгЦао СјуечинXVIII век

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Некои сметаат дека делото е целосно или барем делумно напишано од друг автор како Лио Гуангџунг (авторот на „Повест за трите кралства“), Ше Хуј (施惠) и Гуо Сјин (郭勛).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]