Чајник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Процелански чајник со растителен дезен

Чајник е сад кој се користи за натопување на чајни листови во врела вода. Чајот може да биде во чајна кесичка или рефус, во кој случај е потребна чајна цедка за да се задржат листовите при точење на чајот. Чајниците од горната страна имаат отвор со поклопец, низ кој се става вода, рачка за држење, и одводна цевка низ кој се служи чајот. Некои чајници имаат и вградени цедки во нивната внатрешност. Поклопецот има мало дупче кое пропушта воздух, и така не ѝ дава на цевката да подистура при служење на чајот. Во денешно време се корсити и навлака за чајник за да се подобри натопувањето и за да се одржи топлината на чајникот кој инаку би се оладил. Љубителите на чајот најпрвин го загреваат чајникот плакнејќи го со врела вода, а потоа потполно го исцедуваат и почнуваат со подготовка на чајот.

Историја на чајникот[уреди]

Разни кинески чајници

Чајникот веројатно води потекло од керамичките котлиња и стомни кои се правеле од бронза и други материјали и како такви биле карактеристика на кинескиот културен живот со илјадници години. Најстариот сочуван чајник денес се чува во Флегстафова музеј-куќа на чаен прибор. Овој чајник датира од 1513 и му е препишан на Гонгчун [1]

Од крајот на XVII век, чајот се извезувал од Кина во Европа како дел од трговијата со егзотични зачини и луксузни стоки. Бродовите кои го носеле чајот со себе носеле и порцелански чајници. Најголемиот дел од овие чајници биле насликани со сино-бела подглазура. Процеланот бил отпорен на морска вода без да се оштети, па затоа чајниците се складирале под палуба, додека чајот бил поставен горе, на суво.[2]

Пиењето на чај во Европа најпрвин било активност на високите класи бидејќи чајот бил многу скап. Порцеланските чајници биле особено ценети бидејќи во тоа време во Европа не се произведувал процелан. Дури во 1765 г. Вилијам Кукворти пронашол начин за правење на порцелан и отворил работилница во Плимут, Англија за производство на чајници слични на кинеските. Кога европските грнчарии почнале да прават свој чаен прибор, тие сфатливо се инспирирале од кинеските мотиви.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Collecting teapots Leah Rousmaniere ISBN 0-375-72045-6
  2. Teapots Paul Tippett ISBN 0-8212-2269-4