Класификација на чајниот лист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Класификацијата на чајниот лист меѓународно се означува со поимот Orange pekoe („оранжов пеко“) како класа на чај во рамките на класификациониот систем за сортирање на црн чај.[1][2] Системот се заснова изклучиво на големината на преработените и исушени листови црн чај.

Самиот поим Orange Pekoe го означува основната средна класа на црн чај од многубројни засебни цели листови со дадена големина. За вака да се класификуваат, црните чаеви треба да се земаат од нови тури, со пупки на крајните листови заедно со неколку најмлади листови. Класификацијата е исклучиво по големина на поединечните листови и тури, што се одредува по тоа дали можат да пројдат низ мрежи со специфична густина[3] од бр. 8 до бр. 30.[4] Овој параметар грубо ја одредува и целосноста, или степенот на дробење на секој лист, што е исто така дел од класификациониот систем. Иако системот на класификација не е индикатор за квалитет, големината на листовите најчесто игра важна улога во вкусот и бистрината на сварениот чај.[5] Црните чаеви од основната класа (Orange Pekoe) се мошне мирисливи, со силни цветни и овошни ароми, како и пријатна дрвенеста нота. Вкусот би требало да биде помалку нагорчлив (но без да собира уста) и со сладок повкус.

Вилсон Цејлон Ерл Греј F.B.O.P.(Flowery Broken Orange Pekoe)

Во употребата вон контекст на чајната класификација, поимот Pekoe, или понекогаш Orange pekoe, означува неотворен краен лист или пупка (изданоци) кај чајните тури. Како такви, поимите „пупка и лист“ или „пупка и два листа“, се користат за означување на „лиснатоста“ на обраната тура, и истите често се заменуваат со пеко и лист, односно пеко и два листа.[6]

Производство и класи[уреди]

Кинеските пеко чаеви се класификуваат по различни квалитети, според тоа дали соседните млади листови (два, еден или ниеден) биле набрани заедно со пупките. Пеко со врвен квалитет се состои само од пупки. Пупките се берат само со заоблените врвови на прстите. Нокти и механички алати не се користат за да се избегнат оштетувања.

Кога се дроби за ставање во кесички, ваквиот чај се нарекува „здробен“ (broken), како во изразот „Broken Orange Pekoe“ (или „Broken Pekoe“, „BOP“), кој понекогаш се продава како рефус чај под намаление. Во кесички се пакуваат парченца (fannings) и прав (dust), што се честични остатоци добиени при сортирањето и дробењето.

Orange Pekoe често се скратува на „OP“. Во класификационата шема има и други категории за квалитет поголем од OP, што се одредува според целосноста и големината на листот.[7][3]

Листовите кои се здробени (Broken), во парченца (Fannings) и прав (Dust) имаат малку поинаква класификација. Листовите кои подлежат на т.н. „дробење, кинење и виткање“ (Crush, Tear, Curl или CTC) пак имаат трет систем.

Класи на цели листови (Whole leaf)[уреди]

Класите за цели листови на црн чај (во нагорен редослед) се:

  • OP - Orange Pekoe - Главна класа во производството на чај. Долг жилест лист без изданоци.
  • OP sup - Orange Pekoe Superior - Главно со потекло од Индонезија, овој чај е ист како претходниот.
  • F OP - Flowery Orange Pekoe - Висококвалитетен чај со долги листови и неколку изданоци, кој се смета за втора класа кај Асам, Доарс и Бангладешкиот, и прва класа кај кинескиот чај
  • F OP1 - Flowery Orange Pekoe First Grade Leaves – Како претходниот, само со листови од највисок квалитет во рамките на F.O.P класификацијата
  • GF OP1 - Golden Flowery Orange Pekoe First Grade Leaves - Повисок процент на изданоци од FOP; Највисока класа во регионите Милима и Марини; редок кај Асам и Дарџилинг.
  • TGF OP - Tippy Golden Flowery Orange Pekoe – Чај со наголем процент на изданоци; Главна класа кај Дарџилинг и Асам.
  • TGF OP1 - Tippy Golden Flowery Orange Pekoe – Како претходниот, но исклучиво со листови од највисока категорија во рамките на T.G.F.O.P класификацијата.
  • FTGF OP - Finest Tippy Golden Flowery Orange Pekoe – Највисок квалитет на чај во светот. Рачно обработен и произведен само на најдобрите плантажи. Околу една четвртина изданоци.

Класи на дробеници (Broken leaf)[уреди]

  • BT - Broken Tea – Обично црн, отворен, месест лист, многу крупен. Класификација користена во Суматр, Цејлон, некои делови од јужна Индија.
  • BP - Broken Pekoe - Најчеста класа на дробен пеко. Од Индонезија. Цејлон, јужна Индија.
  • BPS - Broken Pekoe Souchong – Поим за дробен пеко во Асам и Дарџилинг.
  • FP - Flowery Pekoe - Висококвалитетен пеко. Обично покрупен, помесест дробен лист. Од Цејлон и јужна Индија, произведуван и во извесни делови на Кенија.
  • BOP - Broken Orange Pekoe – Главна класа на дробеници. Мошне присутен во Цејлон, јужна Индија, Јава и Кина.
  • F BOP - Flowery Broken Orange Pekoe – Покрупна дробеница со извесна количина на изданоци од Асам, Цејлон, Индонезија, Кина и Бангладеш. Во Јужна Америка е покрупна, црна дробеница.
  • F BOP F - Finest Broken Orange Pekoe Flowery – Најквалитетниот дробен оранжов пеко. Највисок процент на изданоци. Главно од т.н. „долни окрузи“ на Цејлон.
  • G BOP - Golden Broken Orange Pekoe – Чај од втора класа, нерамномерни листови и само малку изданоци.
  • GF BOP1 - Golden Flowery Broken Orange Pekoe 1 – Како претходниот, но само со најквалитетните листови во рамките на GFBOP класификацијата.
  • TGF BOP1 - Tippy Golden Flowery Broken Orange Pekoe 1 – Висококвалитетни листови со голем дел изданоци. Највалитетни дробени листови од прва категорија во Дарџилинг и некои делови од Асам.

Класи на парченца (Fannings)[уреди]

  • PF - Pekoe Fannings -
  • OF - Orange Fannings – Од северна Индија и извесни делови на Африка и Јужна Америка.
  • FOF - Flowery Orange Fannings – Чест во Асам, Доарс и Бангладеш. Некои парченца се доближуваат до поситните класи на дробеници.
  • GFOF - Golden Flowery Orange Fannings - Највисока класа во Дарџилинг за прозиводство на чајни кесички.
  • TGFOF - Tippy Golden Flowery Orange Fannings.
  • BOPF - Broken Orange Pekoe Fannings – Главна класа во Цејлон, Индонезија, јужна Индија, Кенија, Мозамбик, Бангладеш и Кина. Чај со црн лист, само малку додатоци, парченца со подеднаква големина, нема изданоци.

Класи на прав (Dust)[уреди]

  • D1 - Dust 1 - Од Цејлон, Индонезија, Кина, Африка, Јужна Америка и јужна Индија.
  • PD - Pekoe Dust
  • PD1 - Pekoe Dust 1 – Се произведува главно во Индија.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „"Stash Orange Pekoe Tea"“. „Stash Tea“. 2006. http://www.stashtea.com/w-050420.htm. конс. 12 декември, 2006. 
  2. Swann's Classic Teas. „"The Leaf is All: Leaf Grading"“. „Swann's Classic Teas“. http://www.swannteas.com/abouttea3.html. конс. 12 декември, 2006. 
  3. 3,0 3,1 Marian Segal (март 1996). „"Tea: A Story of Serendipity"“. „FDA Consumer magazine“. http://www.fda.gov/fdac/features/296_tea.html. конс. 12 декември, 2006. 
  4. Campbell Ronald Harlers, "Tea Production", Encyclopædia Britannica Inc., 1973.
  5. Olde Wyndham Tea Company (2002). „"Grades of Gourmet Tea"“. „Olde Wyndham Tea Company“. http://www.oldewyndhamteacompany.com/grades.html. конс. 12 декември, 2006. 
  6. AFD (Appui à la Formation et au Développement). „" Les techniques d'exploitation – Cueillette – Normes de cueillette"“. „Théier (Camellia sinensis)“. http://www.afd-lv.org/plant-ch/theier/techniqu/NCthe.htm. конс. 12 декември, 2006. 
  7. TeaFountain (2004). „"Tea Leaf Grades & Production Methods"“. „TeaStation & TeaFountain“. http://www.teafountain.com/teagrades/. конс. 12 декември, 2006.