Чанг’е-5
Чанг’е-5 — кинеска вселенска сонда од серијата Чанг’е. Мисијата на сондата е да слета на Месечината, да собере примероци од површината и да ги врати на Земјата. Ова е прва вселенска мисија во последните 45 години која враќа примероци од месечевата површина. Последната сонда што го направи ова беше советската Луна 24, во 1976 година. Се очекува Чанг’е-5 да врати најмалку 2 килограми примероци.
Тек на мисијата
[уреди | уреди извор]Сондата беше успешно лансирана на 23 ноември 2020 година во 20:30 средноевропско време од вселенскиот центар Венчанг на островот Хајнан во јужна Кина.[1] Лансирањето беше извршено со ракетата Долгиот Марш 5, моментално најмоќната ракета со која располага Кина.
Ракетата-носач ја лансираше сондата Чанг’е-5 во орбита од која, сондата со сопствен погон користејќи го методот на Хофмановиот трансфер се уфрлила во орбита кон Месечината. Сондата помина 5 дена на пат, за да влезе во орбитата околу Месечината на 28-ми ноември во 14:06 часот по средноевропско време. Ден подоцна, на 29 ноември во 21:40 часот, модулот за слетување се одвоил од сондата. Модулот за слетување ги поминал следните два дена прилагодувајќи ја својата орбита, се до 1 декември 2020 година кога во 14:58 UT го започна своето спуштање на површината на Месечината.[2] Процесот на забавување од орбитална брзина од 1,7 km/s и спуштањето траеше 15 минути во регионот блиску до Монс Рамкер, планина во Морето на бурите. Местото е избрано поради геолошката младост на планината и зголеменото количество на радиоактивни материјали како што се ториум, ураниум и изотопи на калиум.
Модулот за слетување ги собра примероците кои потоа беа зачувани во повратниот модул. Повратниот модул, носејќи 1731 грама примероци од површината, полета на 3-ти декември 2020 година од Месечината и се сретна со орбиталниот модул во орбитата два дена подоцна. По приклучувањето на повратниот модул, примероците беа префрлени во орбиталниот модул. Ден подоцна биле разделени, а на 7 декември, модулот за враќање беше намерно урнат на површината на Месечината. Орбиталниот модул, носејќи ги примероци од почвата со себе, на 13-ти декември ја напушти орбита на Месечината и се упати назад кон Земјата. Три дена подоцна, на 16 декември 2020 година околу 18:00 по средноевропско време, капсулата успешно слета во регионот на Внатрешна Монголија во североисточна Кина.
Кина вети дека ќе ги сподели примероците од почвата со Обединетите нации и меѓународните партнери на мисијата, првенствено Европската вселенска агенција.
Сондата Чанг’е-5
[уреди | уреди извор]Сондата се состои од два главни модули: орбитален и слетувачки. Орбиталниот модул има задача да го доведе модулот за слетување во орбитата околу Месечината и потоа да ја врати балистичката капсула во близина на Земјата, за да може успешно да се спушти со примероците.
Слетувачкиот модул се состои од мотор за меко спуштање, бушалка за собирање примероци и модул за враќање за пренос на примероците во орбитата околу Месечината. За да се испита непосредната околина, модулот за слетување е опремен со камери, спектрометри, инструменти за анализа на составот на почвата и радар. Бидејќи модулот за слетување не е опремен со грејачи, не се очекува дека ќе ја преживее лунарната ноќ во трење од 14 дена, кога ќе биде изложен на температури од -200°C.
Се проценува дека вкупната маса на сондата е околу 3.780 кг., од кои 1.200 кг. припаѓаат на модулот за слетување. Сите елементи на сондата се напојуваат со фотоелектрични панели.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (англиски)https://www.nasaspaceflight.com/2020/11/change5-sample-return-launch Web stranica Nasaspaceflight.com, pristupljeno 24.11.2020.
- ↑ (англиски) https://www.nasaspaceflight.com/2020/12/china-preparing-to-land-sample-return-mission-on-the-moon/ Web stranica Nasaspaceflight.com, pristupljeno 02.12.2020.