Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Скребатно

Координати: 41°9′3.89″N 20°53′15.28″E / 41.1510806° СГШ; 20.8875778° ИГД / 41.1510806; 20.8875778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Седма охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°9′3.89″N 20°53′15.28″E / 41.1510806° СГШ; 20.8875778° ИГД / 41.1510806; 20.8875778
Место Скребатно
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1922
Живопис 1929
Зограф Крсто и Рафаил Николов
Архитектонски опис

Успение на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Скребатинскиот манастир во охридското село Скребатно.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на влезот во познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била значително поправена во 1922 година.[2]

Сепак, по својата градба, архитектура и остатокот од фрески во олтарната апсида, дел од црквата се верува дека потекнува од XVI век, од времето на монахот Кипријан, зограф од Слепченскиот манастир.[3]

Црквата особено пропаднала со иселувањето на скребаштани во 1960-тите години.[4]

Во 2003 и во 2006 година, црквата повторно била значително обновена. Била извршена надградба на црквата со кубе поставено на осмострана основа и сега висината на сводот изнесува 8 метри, а висината на кубето 12 метри. Доградбата била извршена по проект на охридскиот архитект Тодор Паскали.[4]

Во дворот на црквата била подигната камбанарија висока десетина метри по проект на архитектот Драги Танески.[4]

Легенда[уреди | уреди извор]

Легендата кажува дека селаните сакала да ја изградат црквата подолу, односно во близина на селото. Но, трипати, започнувале да ја ѕидаат црквата, а трипати некој навечер уривал и ги фрлал алатите повисоко.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е од кршен камен.[2]

Црковниот двор пред црквата е уреден до калдрма, која потекнува од охридската чаршија.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата поседува фрескоживопис, кој бил изработен во 1929 година од страна на Крсто Николов и син му Рафаил од селото Лазарополе.[2]

Новиот живопис изработуван во 2007 и во 2008 година бил изработен од уметниците Владимир Коцарев и Стефан Кајтез. Поседува сцени од Христовиот живот и ликови од новиот завет. Во долната зона ликовите се претставени во цел раст.[4]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Првиот ред на иконостасот е сочинет од литиски икони. Од левата страна на царските двери е претставен Исус Христос, Св. Јован Крстител, а од десната страна Св. Богородица, Успение на Богородица и Св. Ѓорѓи. Во вториот ред се поставени 13 икони на големите празници и тоа: Св. Никола, Св. Стилјан, Воскресение Христово, Св. Спиридон, Св. Петка, Рождество Христово, Св. Атанасиј, Св. Климент, Крштение Христово, Св. Недела, Св. Илија, Св. Талалеј и Св. Наум. Во третиот ред се поставени 15 икони од кои иконите на 12. апостоли, во средината Св. Троица, а кон нив на краевите се додадени Св. Трифун и Св. Димитрија. Горе иконостасот завршува со големохристијански крст.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешноста
Внатрешноста

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-08.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Скребатно | Zelenaberza“. zelenaberza.com.mk. Посетено на 2019-12-08.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]