Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кочан (Правишко)

Координати: 40°53′55.4″N 24°12′37.0″E / 40.898722° СГШ; 24.210278° ИГД / 40.898722; 24.210278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Карта
40°53′55.4″N 24°12′37.0″E / 40.898722° СГШ; 24.210278° ИГД / 40.898722; 24.210278
МестоКочан, Правишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Управа
Архијерејско намесништвоПравишко
ЕпархијаПравишка

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου - Ακροβουνίου) — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е поранешната џамија на селото,[1] кое до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2] Во 1923 г. по сила на Лозанскиот договор, домородното население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од источнотракиското село Димокранија (Ѓузелџе).[3] Дојденците ја претвориле џамијата во црква, минарето го претвориле во камбанарија,[1] а во храмаот ја поставиле чудотворната икона „Пресвета Богородица Димокраниска“.[3]

Во 1950-тите, поради свлечишта дојденците се населиле во Долно Кочан, каде изградиле „нова истоимена црква“.[1] Црквата е обновена во 2009 г. и на 16 септември 2009 г. во неа е одржана служба на која чиноначалствувал митрополитот Хрисостом Правишки.[3] Старата црква, заедно со Кочанскиот мост се единствените преостанати градби во старото село.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Γεφύρι της Κότσανης (Παλιό Ακροβούνι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
  2. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 50.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου- Ακροβουνίου“. Ιερατικοί Στοχασμοί. Посетено на 18 август 2022.