Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долно Кочан
| Успение на Пресвета Богородица | |
|---|---|
| Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
Иконата „Пресвета Богородица Димокраниска“ | |
![]() | |
| 40°53′48.9″N 24°14′31.3″E / 40.896917°N 24.242028°E | |
| Место | Долно Кочан, Правишко |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Удрен темел | 1961 |
| Завршена | 1973 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Правишко |
| Епархија | Правишка |
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Жителите на селото се Грци од Источна Тракија (Турција), дојдени од селото Димокранија (Ѓузелџе) и во 1923 г. Тие се населиле во селото Кочан во кое дотогаш живееле Македонци муслимани. Тамошната џамија ја претвориле во црква и во неа ја донеле скапоцената икона „Пресвета Богородица Димокраниска“. Во 1950-тите поради свлечишта се преместиле надолу и го основале новото село Долно Кочан.[2]
Парохиската црква „Успение на пресв. Богородица“ е подигната на висок рид и доминира во центарот на селото и претставува трикорабна базилика. Камен-темелникот е поставен на 15 декември 1961 г. од митрополитот Амвросиј Правишки. Отворена е на 23 септември 1973 г. од истиот митрополит. Во храмот се чува чудотворната икона на Богородица донесена од Димокранија во Турција.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου- Ακροβουνίου“. Ιερατικοί Στοχασμοί. Занемарен непознатиот параметар
|access=(се препорачува|access-date=) (help); Недостасува права црта во:|access=(help) - 1 2 „Γεφύρι της Κότσανης (Παλιό Ακροβούνι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Занемарен непознатиот параметар
|access=(се препорачува|access-date=) (help); Недостасува права црта во:|access=(help)
