Црква „Св. Стефан“ - Несебар

Координати: 42°39′28″N 27°43′59″E / 42.65778° СГШ; 27.73306° ИГД / 42.65778; 27.73306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Стефан
Поглед на црквата
Карта
42°39′28″N 27°43′59″E / 42.65778° СГШ; 27.73306° ИГД / 42.65778; 27.73306
МестоНесебар
ЗемјаБугарија
ВероисповедБугарска православна црква
Архитектура
Статусспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXI - XIII век
Управа
Архијерејско намесништвоБургас
ЕпархијаСливенска

Свети Стефан или Новата митрополијасредновековна црква во градот Несебар, Бугарија. Влегува во состав на Сливенската епархија на Бугарската православна црква.

Црквата, заедно со околниот историски центар, била прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1983 година.[1] Исто така е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија.

Опис[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата

Црквата е изградена во XI - XIII век.[2] Во XVI век градбата бил проширен западниот ѕид, а во XVIII век е додаден трем.[2] Градбата претставува трикорабна базилика со повисок среден кораб. Димензиите на храмот се 12 x 9,50 метри. Црквата била изградена од камен и тули.[2] При нејзината изградба се употребени сполии (материјали земени од античка градба).[2]

Корабите се одделени со два реда мермерни столбови и правоаголни столбови поврзани со сводови. На исток има три полукружни апсиди кои завршуваат на корнизот со сводови. Покривот е наведнат и средниот кораб се издига над страничните. Во источниот дел, над сводовите под корнизот има украсени застаклени панели.

Првично црквата била посветена на Богородица, но подоцна била преименувана во Свети Стефан. Според ктиторскиот натпис над јужниот влез на наосот, храмот е живописан во 1599 г.[2][3]

Во црквата е зачуван оригиналниот иконостас од крајот на XVI век, резбан владички престол и амвон од крајот на XVIII век. Во храмот се зачувани вредни фрески од XVI - XVIII век[3], а најстарите се од XI век.[2] Иконостасот е од резбано дрво. Составен е од три реда, но зачувани се само двата регистри. На иконостасот се претставени Христос, Дванаесетте апостоли, Богородица и Св. Јован Крстител.[3] Панелите на иконостасот се украсени во ориентален стил, т.н. „Лале“.

Внатрешноста и фреските на црквата се обновени во 2008 г.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ancient City of Nessebar“. whc.unesco.org. Посетено на 2024-03-19.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Църквата "Св. Стефан", Архивирано од изворникот на 15 јули 2019, Посетено на 18 март 2024
  3. 3,0 3,1 3,2 „Несебър - църкви и забележителности“. pravoslavieto.com. Посетено на 19 март 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]