Црква „Пресвета Богородица Елеуса“ - Несебар
Изглед
Пресвета Богородица Елеуса | |
---|---|
Поглед на црквата | |
42°39′40″N 27°44′17″E / 42.66111° СГШ; 27.73806° ИГД | |
Место | Несебар |
Земја | Бугарија |
Вероисповед | Бугарска православна црква |
Архитектура | |
Статус | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | V век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бургас |
Епархија | Сливенска |
Пресвета Богордица Елеуса (Милостива) — доцноантичка црква во градот Несебар, Бугарија. Влегува во состав на Сливенската епархија на Бугарската православна црква.
Опис
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во првата половина на V век.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со три апсиди, три наоси и припрата. Двата странични кораби имаат по две помали апсиди. Во предворието на црквата се зачувани гробници. Базиликата има димензии од 28 x 18 метри. Во 1920 г. биле извршени археолошки ископувања под раководство на Иван Велков.[1] Денес црквата се наоѓа во руинирана состојба и е делумно обновена.
Во историските извори црквата се споменува последен пат во XIV век, кога била дел од манастир.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 161–162. ISBN 978-954-2972-17-4.