Црква „Св. Петар и Павле“ - Петгас
| Свети Петар и Павле | |
|---|---|
| Αγίων Πέτρου και Παύλου | |
Поглед на црквата | |
![]() | |
| 40°55′41″N 22°24′57″E / 40.92806°N 22.41583°E | |
| Место | Петгас, Ениџевардарско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Културнонаследна категорија | споменик на културата |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Завршена | околу 1850 |
| Управа | |
| Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Πέτρου και Παύλου) — црква во селото Петгас, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во средината на XIX век. Претставува трикорабна базилика со димензии од 14 × 9 м.[2] На исток има една полукружна апсида. На северниот крај на тремот има четириаголна кула изградена во 1955 г.
Внатрешноста на црквата е нова. Храмот е уништен во пожар во 2000 г. и подоцна обновен. Уништени се галеријата на западниот ѕид, дрвените тавани, фреските, иконостасот со икони на кулакиски мајстори, владичкиот престол, амвонот и проскинитарите. Над јужниот влез, обликуван со камен околувратник, има траги од фреска на покровителите, апостолите Петар и Павле. Околу вратата има и траги од фрески кој покажува дека западниот и јужниот ѕид биле живописани до висина на галеријата.[1]
Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „6. Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου Πεντάλοφου“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
- 1 2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 21 октомври 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петар и Павле“ - Петгас на Ризницата ?
