Црква „Св. Петар и Павле“ - Љубојно
![]() ![]() Свети Петар и Павле
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°53′27″N 21°08′46″E / 40.89083°N 21.14611°E |
Место | Љубојно |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Петар и Павле |
Изградба | 1923 |
Архитектонски опис |
Свети Петар и Павле — главна манастирска црква на Љубојнскиот манастир, во селото Љубојно, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа 1 километар југоисточно од селото, во коријата над селото, сместена на доминантна височинка оградена со високи ридови и густа шума.[1]
Црквата била изградена во 1923 година од браќата Никола и Јоше Стасовски.[1]
Градба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во пошумениот дел од планината, на едно мало плато над селото Љубојно. Од селото до црквата се стигнува по земјен шумски пат за околу 30 минути.[2]
Црквата била подигната во 1923 година, што може да се забележи и од натписот на западната фасада со средства на Никола Христов Стасовски од селото Љубојно.[2]
Фасадите на западната, јужната и северната се украсени во согласност со архитектурата од периодот на двете светски војни. Во горните делови имаат триаголни завршетоци, врз кои се надоврзува кровната конструкција во облик на крст во чие средиште се издигнува куполата, со осумстраниот тамбур. Со внатрешноста на храмот се комуницира преку двата влеза на западната и северната фасада. Ентериерот е решен без употреба на столбови. Таванот е конструиран од два вкрстени полукружни сводови, на чие средиште е куполата од која се спуштаат висечки пандантифи, лачно поврзани помеѓу себе. Низ четирите прозорци поставени на тамбурот се обезбедува осветлувањето на куполниот простор, кој е насликан во целост.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот е подигнат од висинската кота на подот од наосот со помош на три скалила по целата широчина на храмот. Претставува едноставна дрвена преграда со два реда на икони, царски двери и врата на северниот дел.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата од с. Љубојно
-
Манастирот во 1923 година
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 204. ISBN 9789989920554. Посетено на 28 ноември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 28 ноември 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Петар и Павле“ - Љубојно на Ризницата ?