Црква „Св. Панталејмон“ - Тушемишта
Изглед
Свети Панталејмон | |
---|---|
Shen Pandelimonit | |
Поглед на црквата | |
40°54′2″N 20°43′15″E / 40.90056° СГШ; 20.72083° ИГД | |
Место | Тушемишта |
Земја | Општина Поградец, Албанија |
Вероисповед | Албанска православна црква |
Управа | |
Митрополија | Горичка |
Свети Панталејмон (албански: Kisha e Shen Pandelimonit) — црква во селото Тушемишта, во општината Поградец од Горичката област, Албанија. Влегува во состав на Горичката митрополија на Албанската православна црква.
Црквата се наоѓа на рид во средишниот дел на селото. Во 1967 г. било откриен вреден ранохристијански мозаик, поради што црквата била прогласена за културен споменик.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Fshati Tushemisht“. Smile Albania. Посетено на 2024-01-16.
- ↑ Çikopano, Uiliam (2013). Mozaikët paleokristiane dhe bazilika e Linit. Tiranë: Adelprint. стр. 136.