Црква „Св. Никола“ - Брждани

Координати: 41°26′50.17″N 20°54′32.9″E / 41.4472694° СГШ; 20.909139° ИГД / 41.4472694; 20.909139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Трета кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°26′50.17″N 20°54′32.9″E / 41.4472694° СГШ; 20.909139° ИГД / 41.4472694; 20.909139
Место Брждани
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1872
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во селото Брждани.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена североисточно од селото, во планинскиот дел, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена кон крајот на XIX век.

Денешната црква е изградена во 1872 година. Оваа година е врежана на една камена плоча вградена во подот на црквата и всушност е еден од малкуте извори што говорат за црквата и нејзината историја.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува типичен споменик од времето на преродбата. Изградена е како еднокорабна базилика со валчест свод и една широка калота над наосот. Апсидата е петстрана и обликувана со архиволти. Црквата не била вкопана во земја и во неа се влегува качувајќи се по неколку скали.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Фрескоживописот во олтарната зона на црквата бил изведуван од страна на Аврам Дичов во 1874 година.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Најстарите икони во црквата потекнуваат од 1849 година и се дело на познатиот мајстор Дичо Зограф. Истите веројатно припаѓале на постарата црква, која во 1872 година е обновена и проширена. Доказ за тоа се наоѓа и во престолните икони на Христос, Богородица и Јован Претеча, кои имаат издолжена форма.[3]

За обновената црква бил изработен и нов, значително поголем иконостас со расчленета структура и нови престолни икони сликани непосредно пред 1872 година од непознат зограф. Старите престолни икони на Дичо Зограф биле отстранети и поставени во олтарниот дел на црквата, а само шест икони со претстави на апостолите нашле место во новиот иконостас.[3]

Во 1874 година за целосно довршување на иконостасот се вклучил Аврам Дичов. Ја насликал престолната икона на Богородица со Христос, каде што оставил свој потпис, но истовремено насликал и десетина други икони за горната зона на иконостасот.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 95.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Цветковски, Сашо (2010). „Живописот на Аврам Дичов во црквата Св. Никола с. Брждани - Кичевско“ (PDF). Патримониум. Посетено на 5 јануари 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]