Прејди на содржината

Црква „Св. Леонтиј“ - Граиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Леонтиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоКрушевско-демирхисарско
ПарохијаСлепчанска
Местоположба

Карта

Координати41°14′15″N 21°13′8″E / 41.23750°N 21.21889°E / 41.23750; 21.21889
МестоГраиште
ОпштинаДемир Хисар
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Леонтиј
Завршено1927
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабна

Свети Леонтиј — главна селска црква во демирхисарското село Граиште, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на падина над селото Граиште, а околу нејзе се наоѓаат и самите селски гробишта.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1927 година на стари темели од некогашен храм.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Храмот во основа претставува впишан крст со полукружна апсида и плиток дрвен свод. Ѕидовите на црквата во внатрешноста и на фасадата се малтерисани и варосани бело. Покривот на црквата е на две води и покриена со ќерамиди.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 26. ISBN 978-608-65616-4-2.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]