Црква „Св. Богородица“ - Сенце
Света Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°40′57.2″N 20°39′34.3″E / 41.682556° СГШ; 20.659528° ИГД |
Место | Сенце |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Архитектонски опис |
Света Богородица — главна селска црква во горнореканското село Сенце.[1] Црквата е сместена во источниот дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црква во 2019 година била ограбена, при што од нејзе биле одземени неколку икони, сребрен крст и пари.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има четириаголна основа со осумаголна апсида во задниот дел. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Главната влезна врата се наоѓа на северната страна и над неа има ниша со слика на Богородица со Исус изработена на мермер, додека на западната страна има споредна врата. Апсидата на црквата е украсена со по една ланцетна вдлабнатина на секоја од страните.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и гробни споменици. Камбанаријата е со примитивен изглед и се состои од метални столбови кои образуваат квадратна основа со лимен кров.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Слика на Богородица со Исус
-
Споредната влезна врата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Помошен објект во дворот на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петковска, Марија. „Ограбена црквата во гостиварско Сенце“. 1-ва Скопска - МТМ Телевизија. Посетено на 2020-05-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Богородица“ - Сенце на Ризницата ?