Црква „Св. Богородица“ - Ранковце

Координати: 42°11′00″N 22°06′38″E / 42.18333° СГШ; 22.11056° ИГД / 42.18333; 22.11056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Богородица
македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Местоположба

Карта

Координати 42°11′00″N 22°06′38″E / 42.18333° СГШ; 22.11056° ИГД / 42.18333; 22.11056
Место Ранковце
Општина Ранковце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба XIX век (денешна)
XVI - XVII век (како „Св. Никола“)
Архитектонски опис

Св. Богородицаправославна црква во кривопаланечкото село Ранковце, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Ова е гробишна црква, изградена од ХVI до почетокот на XVII век под името „Св. Никола“ и обновувана е барем трипати. Последната поднова е направена во 1840 г. за што сведочи натпис во храмот.[1] Од старата црква зачувани се северниот ѕид, источниот ѕид и дел од апсидата.[1] Сочувани се и дел од старите живописи.[1]

Во храмот има шест недатирани царски икони кои му се припишуваат самоковскиот живописец Димитар Зограф.[2] Во југозападниот агол на црквата е гробот на нејзиниот обновувач Иван Станковиќ од Ранковце, кој починал во 1847 г.[3]

Во 1885 г. црквата е живописана од видниот дебарски мајстор Аврам Дичов,[4] помогнат од Мирон Илиев,[5] Григор Петров[6] и Петар Новев.[7] Зографите го оставиле следниов натпис:

Рукою Авраама Дичовъ и Миронъ Илиевъ, и Григориа Петровъ зографъ Тресанчани, Дебрали 1885 маиа 8.[1]

Врз старите фрески и врз оние на Аврам Дичов има разни натписи.[1]

Од голема уметничка вредност се царските двери од XVI – XVII век. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на многубројни цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[8] Слични двери имаат црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[9]

Подоцна селаните ја преименувале црквата во „Света Богородица“ бидејќи постојано се уривала.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 189.
  2. „Културно наследство“. Општина Ранковце. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 27 март 2014.
  3. Проблеми на изкуството, 37-38. София: Институт за изкуствознание, Издателство на Българската академия на науките. 2004. стр. 47.
  4. „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. Македонска православна црква. 6 октомври 2010. Посетено на 27 март 2014.
  5. Василиев, стр. 204
  6. Василиев, стр. 203
  7. Василиев, стр. 202
  8. Машниќ, Мирјана М (2008 - 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 156. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  9. Машниќ, стр. 155
  10. Български фолклор, 16. София: Издателство на Българската академия на науките. 1990. стр. 72.