Црква „Св. Архангели“ - Драма

Координати: 41°9′2″N 24°8′40″E / 41.15056° СГШ; 24.14444° ИГД / 41.15056; 24.14444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангели
Ταξιαρχών
Поглед на црквата
Карта
41°9′2″N 24°8′40″E / 41.15056° СГШ; 24.14444° ИГД / 41.15056; 24.14444
МестоДрама
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типеднокорабен храм
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоДрамско
ЕпархијаДрамска

Свети Архангели (грчки: Ναός Ταξιαρχών Δράμας) — средновековна црква во градот Драма, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Во 1976 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во градскиот центар, многу близу до североисточниот дел на ѕидините со кои е врзан со скалиште.[1] На источниот крја на ѕидот се откриени римски натписи што сведочат дека овде порано имало пагански храм претворен во црква.[4] Црквата е мал храм од времето на Палеолозите на почетокот на XIV век со забележителен живопис. Според една од верзиите за неговото потекло, веројатно бил погребален параклис во која почивала царицата Ирина Монфератска (сопруга на Андроник II Палеолог), за која се знае дека починала во Драма во 1320 г.[1]

Храмот е обновен во денешниот облик во 1973 – 1974 г. по макотрпни ископувања и проучувања.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Свети Симеон Столпник, XIV век

Храмот е еднокорабна правоаголна градба со апсида на источната страна, тристрана однадвор и полукружна одвнатре. Конхата на жртвеникот е во североисточниот агол. Влезот е од западната страна, а на двете долги страни има по два отворени прозорци, при што источниот на јужниот ѕид првобитно бил влез и имал свод. Храмот е изграден од ситни камења и тули, меѓу кои има многу антички и средновековни мермерни фрагменти, што го отежнувало датирањето на градбата. Според последните истражувања, храмот има три главни фази. Првата, на која припаѓа јужниот ѕид и дел од источниот, е од почетокот на XIV век. Во оваа фаза црквата била еднокорабна, со сводест влез од јужната страна. Во втората фаза меѓу 1861 и 1892 г. обновена е северната и западната страна со стари архитектонски елементи, а на западниот ѕид, лакот е заманет со мансарден покрив, отстранет е јужниот влез и направен е нов од запад. Во третата фаза храмот бил заобиколен од север, запад и југ со портик со едноводен покрив, кој ја покрива целата зграда. При соборувањето на портикот во 1973 г. откриена е староста на градбата, што довело до обнова на нејзиниот првобитен изглед.[1] Сводеста градба во допир со јужниот ѕид на црквата е костурница направена подоцна.[2]

Во внатрешноста, во источниот дел и околу прозорците, има остатоци од фрески датирани во првите децении на XIV век. Ова се сцени од Страстите и одделни светци, които се добри претставници Палеолошкото сликарство и покрај лошата состојба. Во црквата имало и мермерен иконостас, од кој се откриени доста делови за време на обновата, па така и тој е реставриран. Се состои од четири вертикални потпори кои држат хоризонтален архитрав, а два столба ги блокират празнините меѓу нив.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Καραγιάννη, Φλώρα. „Ναός Ταξιαρχών Δράμας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-06-14. Посетено на 20 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 Βασλή, Δήμητρα (јули 2002). Η Δράμα και η ιστορία της (PDF) (грчки). стр. 38. Посетено на 26 ноември 2016. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  3. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Α/Φ31/23488/2553/7-5-1976 - ΦΕΚ 661/Β/17-5-1976“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-13. Посетено на 28 октомври 2014.
  4. „Црква на архангелите в Драма“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-27. Посетено на 14 ноември 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]