Црква „Св. Јован Серски и Св. Лука Симферополски “ - Сер

Координати: 41°5′12.1″N 23°32′15.3″E / 41.086694° СГШ; 23.537583° ИГД / 41.086694; 23.537583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Серски и Свети Лука Симферополски
Αγίου Ιωάννη του Σερραίου και Αγίου Λουκά του Ιατρού
Карта
41°5′12.1″N 23°32′15.3″E / 41.086694° СГШ; 23.537583° ИГД / 41.086694; 23.537583
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкуполна ротонда
Изградба2009
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Јован Серски и Свети Лука Симферополски (грчки: Ιερό Παρεκκλήσιο Αγίου Ιωάννη του Σερραίου και Αγίου Λουκά του Ιατρού) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Храмот се наоѓа на улица „Елевтериос Венизелос“ бр. 143 во западното маало Каменица, местото на старо сиропиталиште. Посветен е на новомаченикот Јован Серски, настрадан за верата во 1480 г. и на рускиот лекар, епископ и новомаченик Лука Симферополски (1877 - 1961). Изграден е од митрополитот Теолог Серски и е отворен во на 3 октомври 2009 г. Градбата претставува ротонда со купола. Во црквата има мошти на Лука Симферополски, подарок од манастирот „Пресв. Богородица Добренска“ во Берско.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερό Παρεκκλήσιο Αγίου Ιωάννη του Σερραίου και Αγίου Λουκά του Ιατρού“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 декември 2017.