Црква „Св. Јован Богослов“ - Љубојно

Координати: 40°53′37″N 21°08′16″E / 40.89361° СГШ; 21.13778° ИГД / 40.89361; 21.13778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Богослов

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°53′37″N 21°08′16″E / 40.89361° СГШ; 21.13778° ИГД / 40.89361; 21.13778
Место Љубојно
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Јован Богослов
Изградба 1861
Завршено 1921
Изгорена 1903
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Јован Богослов (од мештаните нарекувани Свети Јоан) — главна селска црква во селото Љубојно, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа на самото сретсело. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]

Црквата била изградена во 1861 година. За време на Илинденското востание во 1903 година била запалена, за во 1921 година повторно да биде обновена.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во средишниот дел на селото. Автентичната фасадна структура на надворешните ѕидови е сочувана само на полукружната апсида, изѕидана од убаво обработени камени квадери. Сите останати ѕидови се премалтерисани, вклучувајќи ја и куполата со осмостраниот тамбур.[2] Во периодот по изградбата и обновата на црквата на западната страна се придодадени нови помошни простории. Главниот влез во црквата се наоѓа на јужната фасада.[2]

Црквата е изградена како трикорабна базилика со купола издигната на гамбур, централниот кораб полуциндрично засводен, а бочните покриени со рамни тавани. Во внатрешноста на западната страна има галерија, а на исток завршува со апсида многуаголно решена од надворешната страна. Храмот е ѕидан од камен, а сводите и лаковите се од дрвна конструкција.[1]

Внатрешноста е поделена надолжно на три кораби со два реда на столбови.[2]

Според натписот над јужниот влез, храмот бил подигнат во 1861 година. Подоцна бил опожарен во 1903 година, за повторно да биде обновен во 1921 година.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Ѕидното сликарство во апсидната конха и во нишата од жртвеникот потекнува од 1928 година. Во наосот на црквата врз сводните партии и страничните ѕидови нема сочувани остатоци од ѕидно сликарство.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

На олтарната предграда има два реда на икони. Во основниот ред се насликани вообичаените претстави за престолни икони, а горе се допојасјата на апостолите и сцени од Великите празници. Според натписите врз иконите, тие потекнуваат од 1924/1925 година.[2]

Иконите од певницата, поставена врз еден од северните столбови, се дела на истиот зограф, работени во 1928 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 203. ISBN 9789989920554. Посетено на 28 ноември 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 28 ноември 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]