Црква „Св. Ѓорѓија“ - Овчарани

Координати: 40°50′40.6″N 21°35′42.7″E / 40.844611° СГШ; 21.595194° ИГД / 40.844611; 21.595194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓија
Aγίου Γεωργίου
Поглед на црквата
Карта
40°50′40.6″N 21°35′42.7″E / 40.844611° СГШ; 21.595194° ИГД / 40.844611; 21.595194
МестоОвчарани, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Управа
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Свети Ѓорѓија (грчки: Aγίου Γεωργίου) — црква во селото Овчарани, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Остатоците од средновековната црква во подрумот на денешниот храм.

Црквата се наоѓа на 2 км северно од селото, близу патот за Крушоради. Во подрумот на денешниот храм се откриени урнатините на средновековна црква, наречена Бела Црква.

Според преданието, остатоците се откриени откако една селанка ги видела на сон и му кажала на свештеникот Георгиос Папуљас каде да копа. Овој храм е од крстовиден тип со надворешен крст и внатрешни димензии на средишната просторија од 2,70 × 2,60 м. Краците имаат нееднакви димензии — јужниот има 1,15, северниот 0,90 - 1,05, а западниот 0,80 м. Апсидата на олтарот е доста оштетена.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Άγιος Γεώργιος – Μελίτη“. Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας. Посетено на 20 август 2020.